17 знаци кои укажуваат дека имате партнер кој е сериозен кандидат за брак

Љубовта е сè освен едноставна равенка и не е лесно да се пронајде партнер кој ќе ви одговара за сериозна врска и брачна заедница, доколку тоа е она што го посакувате.

17-znaci-koi-ukazuvaat-na-partner-kandidat-za-brak-01.jpg

Во време како денешното, кога сè се движи толку брзо, кога сме напнати и нервозни, се чини дека имаме сè помалку време за љубов. Што е секако многу погрешно.

Сепак, овие доколку запознаете или имате партнер кој ги покажува следните знаци, тогаш тој е одличен „материјал“ за брак:

1. Се гордее со вас и постојано ве фали пред другите кога не сте во неговата близина.

2. Се жртвува за вас подеднакво како и вие за него.

3. Ги делите истите заеднички вредности и погледи кон животот и иднината.

4. Дури и после многу месеци или години поминати заедно сè уште се однесува како џентлмен.

5. Не се обидува да го смени вашиот карактер.

6. Сте преживеале врска на далечина.

7. Кога помислувате на брак со оваа личност, не ве возбудува свадбата туку заедничкиот живот со него.

8. „Ми недостигаш“ никогаш не го кажува туку-така без вистински да го мисли и чувствува.

9. Никогаш не сте сакале да живеете со цимер туку преферирате сопствен простор, а сепак сакате да живеете со него.

10. Тоа е првата личност со кого сакате да ги споделите своите успеси, шеги, па дури и проблемите.

11. Се чувствувате комфорно бидејќи може да испланирате нешто заеднички во следните 6 месеци, па дури и во следната година.

12. Можете да се исплачете пред него без да се чувствувате засрамено.

13. Кога вашите пријатели се жалат за своите партнери вие некако се стишувате бидејќи чувствувате дека не можете многу да придонесете на темата.

14. Тој се грижи за вашите пријатели и го обожава вашето друштво.

15. Ви дозволува да бидете нервозни и бесни кога сакате да се „издувате“.

16. Ви дава комплименти кога најмалку го очекувате тоа и ве изненадува со подароци без посебен повод и причина.

17. Имате неколку заеднички хобија во кои уживате заедно, а може да патувате со недели без да расправате постојано.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg