Како да не се претворите во мајка на вашиот сопруг?
Неретко родителите ги учат ќерките да бидат емотивни, послушни, грижливи… Ова е навистина одлично, но проблемот е што со ова однесување, жените често се претвораат во „мајки“ на нивните партнери и сопрузи.
Ова, пак, е опасно и за психичкото, но и за сексуалното здравје на жената.
Доколку жената го третира својот партнер како дете, постои ризик врската да заврши. Мажите не сакаат кога некој ги контролира, а овој мајчин однос дефинитивно ќе ја уништи сексуалната привлечност.
Па, како да го избегнете ова и да го зачувате вашиот брак или врска?
1. Мислете на себе. Запрашајте се што е она што ве прави среќни и посветете малку време на тоа. Без разлика дали сакате да пеете, цртате, танцувате или вежбате, најдете хоби што ќе биде само ваше.
2. Дозволете му на сопругот да биде возрасна личност. Поделете ги домашните обврски, оставете го нека ги плати сметките, дозволете му тој да оди до продавница...
3. Намалете го обемот на вашата работа. Во ред е ако еден ден не направите ручек за децата и сопругот. Оставете го тој нека се погрижи за оброците. Во ред е ако еден ден не го исчистите домот. Сопругот е способен да го направи тоа наместо вас.
4. Сетете сте какви сте биле вие, а каков партнерот кога сте се запознале. Сетете се на почетокот на вашата врска и одново разгорете ја страста.
5. Дозволете си да бидете жена. Во ред е да бидете ранливи, немоќни, нежни… Оставете му простор на партнерот да се грижи за вас.
6. Не му кажувајте што да облекува. Без разлика колку е студено надвор, нема потреба да му кажувате на сопругот или партнерот да се облечи потопло. Тој не е мало дете и може сам да одреди што треба да носи.
7. Дозволете му на сопругот да донесува одлуки за семејството. Не мора само вие да мислите што треба да се купи, каде ќе се оди или што ќе се прави. И вашиот сопруг треба да има удел во тоа.
8. Не прашувајте премногу за неговиот живот пред вас. Нема потреба да ги знаете сите детали, а ако тој сака да ви каже нешто, ќе ви го каже без да го прашате. Со постојаното испрашување, дефинитивно ќе почнете да го потсетувате на неговата мајка.
9. Не го опоменувајте по сто пати. Ако направи некоја грешка, доволно е да му кажете еднаш. Постојаното опоменување сигурно ќе направи да изгледате како мајка.
10. Дозволете му да се грижи за себе. Не заборавајте дека вашиот партнер е возрасна личност, способна да се грижи за себе. Па, немојте да го „задушувате“ со постојаната грижа.
11. Не смислувајте изговори за него. Ако партнерот се најде во непријатна ситуација, немојте да мислите дека на вас останува да го средите тоа. Нема потреба да смислувате изговори за него и освен ако не побара совет од вас, оставете го самиот да си ги решава проблемите.
Спирова С. | Црнобело