20 работи што треба да ги направите во првите 6 месеци ако сакате врската да трае
Простувајте за ситниците
Дури и во почетната фаза од врската, караниците се неизбежни. Она што е важно е како ќе се справите со овие караници.
Се разбира, не треба да ги занемарите вашите чувства, но внимателно размислете за кои проблеми вреди да се расправате.
Не заборавајте на „волшебните зборови“
Кажувањето „Те молам“ или „Благодарам“ на почетокот од врската може да направи голема разлика.
Нема потреба да претерате со учтивоста, но со овие зборови ќе ја покажете вашата почит кон партнерот.
Слушајте се еден со друг кога зборувате за вашите проблеми
После напорен ден, сигурно најмалку сакате да слушате како некој ви се жали. Но кога сте во врска, мора да се навикнете на тоа.
Важно е и вие и партнерот да знаете дека сте овде еден за друг. Ако не го слушате партнерот кога има потреба да разговара со некој, тогаш тој сигурно ќе си најде некој друг.
Бидете тим
Постојат неколку работи што можете да ги направите на почетокот од врската, а што ќе ви помогнат да станете тим со партнерот.
Можете заедно да готвите, да работите на некој проект или што било што може да се прави во пар.
Направете го сексот возбудлив
Ќе имате многу време за експериментирање во сексот, но во првите 6 месеци потрудете се повеќе.
Ова е период кога ќе ги дознаете вашите желби и фантазии и вистински ќе ја разгорите страста.
Избегнувајте го критикувањето
Повременото критикување е неизбежно, но најдобро е да го заборавите на почетокот од врската.
Сигурно не сакате да се оддалечите од партнерот само затоа што постојано го критикувате за нешто.
Одете на патување
Нема подобар начин да запознаете некој од заедничкото патување.
Дури и ако отпатувате само за викенд, овие два дена можат да ја дефинираат вашата врска.
Признавајте си ги грешките
Никој не сака кога греши, но кога сте во врска, важно е да си ги признавате грешките.
Ако никогаш не преземате вина за вашите грешки, довербата во врската брзо ќе исчезне.
Не заборавајте на романтиката
Направете ги првите месеци од врската што е можно поромантични.
Неретко на паровите во долги врски им е тешко да ја одржат романсата, но ако сте се фокусирале на ова на почетокот од врската, овој проблем ќе биде многу помал.
Запознајте се со пријателите
Важно е да ги запознаете пријателите на партнерот, како и тој вашите. Можеби е рано да се запознавате со семејствата, но добро би било да знаете со кого се дружи.
Спирова С. | Црнобело