20 работи што треба да ги направите во првите 6 месеци ако сакате врската да трае
Првите 6 месеци од секоја врска се особено важни.
Овој период сè ви е ново и возбудливо, а ако сакате врската да продолжи во таа насока, би требало да направите неколку работи.
Без разлика колку е лесно да се „занесете“ на почетокот од врската, не треба да заборавите кои биле вашите очекувања пред да ја запознаете новата љубов.
За да се осигурете дека вашата врска навистина ќе трае, во првите 6 месеци би требало да ги направите овие нешта:
Расправајте се
Колку и да ви звучи чудно, дури и најсреќните парови се расправаат. Па, важно е да знаете што можете да очекувате од партнерот во вакви ситуации.
Секоја личност се расправа на различен начин, па добро е да го знаете „стилот“ на партнерот пред да настане посериозен проблем.
Слушајте се еден со друг
Не сите луѓе имаат способност вистински да ги слушаат другите. Поради ова, во првите 6 месеци слушањето е можеби најважниот аспект од врската.
Важно е и вие и партнерот внимателно да слушате што има да каже другиот и вашата врска сигурно ќе стане посилна.
Бидете што е можно поискрени
Чувањето тајни е како отров за секоја врска.
Без разлика колку ја цените вашата приватност, ако не можете да бидете искрени со партнерот, тогаш нешто не е во ред.
Поддржувајте се
Важно е да ја покажете поддршката кон партнерот уште на почетокот од врската. Можеби нема да се согласувате со сите негови одлуки, но подобро да го поддржите отколку да му судите.
Не потценувајте ја вредноста на времето за себе
Секој знае дека на почетокот од врската не сакате да се одделите од партнерот ни за миг.
Токму поради ова важно е да одвоите и време за себе. Сигурно не сакате после некој месец да почнете да се чувствувате задушено од новиот партнер.
Прескокнете го планирањето и само забавувајте се
Лесно е да почнете да ја планирате заедничката иднина штом ќе најдете нова љубов. Но ова не е најдобриот пристап.
Во првите 6 месеци не планирајте ништо. Едноставно опуштете се и уживајте.
Разговарајте цела ноќ
Можеби ова е клише, но би требало да поминете барем една вечер во разговор.
На овој начин добро ќе се запознаете, ќе научите многу работи еден за друг и ќе ја зајакнете врската.
Давајте си комплименти
Доколку давањето комплименти не ви е силна страна, на почетокот од врската потрудете се околу тоа.
Комплиментите ќе му покажат на партнерот дека навистина ви значи и дека може да ви верува.
Најдете заеднички интерес или хоби
Нормално дека нема да ги сакате истите нешта со партнерот, но важно е уште на почетокот да најдете некој заеднички интерес.
Покажете му на партнерот дека сте флексибилни и дека сакате да пробувате нови нешта и покажете интерес за некоја тема што го интересира.
Почитувајте го вашето време
Денес можеби е нормално да ги игнорирате пораките од другите, но немојте да го правите ова на почетокот од врската.
Истовремено, кога ќе се договорите со новиот партнер за нешто, немојте да откажувате во последен момент. На овој начин ќе покажете дека го цените неговото време.