Поголема самодоверба и повеќе оргазми - Како се менува сексот после 40-тата?
Ќе има и мирни периоди
Нема засекогаш да имате силна сексуална желба. Со текот на годините, нормално е да искусите и период на „затишје“.
Проблемот е што паровите во подолги врски обично ги прескокнуваат предиграта, заведувањето, праќањето интимни пораки и слично. Но, токму овие нешта можат одново да ја разгорат страста во врската.
Лубрикантот или естрогенската крема вистински ќе ви се најдат
Понекогаш годините се причина зошто сексот е непријатен, па дури и болен.
Кога се намалува нивото на естроген, можно е да се појави сувост на вагината. Токму оваа сувост може да го направи сексот непријатно искуство.
Во овој случај можете да користите лубрикант. Истовремено, вашиот гинеколог може да ви препорача и естрогенска крема.
Полово преносливи болести и инфекции
Експертите тврдат дека зачестеноста на полово преносливите болести не е само кај младите, туку и кај луѓето постари од 40- години.
Лековите, средствата за контрацепција и намаленото ниво на естроген можат да ја направат вагината поподложна на инфекции.
Доколку, пак, имате нов сексуален партнер, не заборавајте да користите кондом.
Обрнете внимание на здравјето на срцето
Кардиоваскуларното здравје е клучно за одржување на сексуалната функција.
Здравото срце има влијание врз можноста за постигнување и одржување на ерекцијата. Истовремено, ако се грижите за здравјето на срцето, ќе ги намалите несаканите дејства на лековите кои влијаат врз желбата за секс.
Од друга страна, пак, редовниот секс може да го преполови ризикот од појава на срцеви заболувања.
Сексот е важен и после 40-тата
Најчесто 40-тите се период кога партнерите се фокусираат на врската, минуваат повеќе време заедно и се поврзуваат на подлабоко ниво. Можете да го искористите ова време за да го зачините сексуалниот живот.
Анкетите покажуваат дека 85% од жените постари од 40 години сметаат дека сексот е еден од приоритетите во врската.
Спирова С. | Црнобело