7 работи кои ги знаат луѓето кои секогаш имаат возбудлив секс
Како постојат толку среќни луѓе кои постојано имаат одличен, возбудлив секс? Има 7 главни тајни и работи кои тие ги знаат и практикуваат, а вие очигледно не.
Време е да ги откриете:
1. За добар секс треба да сте одморени
Истражувањата откриваат дека сексуалните желби драматично се зголемуваат кога сме одморени и наспани. Добриот секс не се случува кога сте при крај со силите.
2. Клише - мора лесно да велите „да“ на понудите
Понекогаш, самото немање на секс долго време може да ве стави во лошо расположение, додека честото согласување на секс може само да ви го подобри сексуалниот живот. Што значи – без изговори.
3. Луѓето кои кажуваат „те сакам“ имаат подобар секс
Изгледа дека оние кои ги кажуваат емоциите секогаш имаат поквалитетен секс од оние кои ги притискаат. Докажано е дека паровите кои често си кажуваат „те сакам“ се многу позадоволни во кревет.
4. Физичката привлечност игра улога
Ништо ново, но ако се грижите за својата линија и својот изглед ќе бидете многу посреќни и поотворени за нови сексуални искуства.
5. Пробувањето на нови работи е клучот
Можеби нема да ви се допаднат сите, но барем ќе знаете дека сте им дале шанса.
6. Имањето секс само затоа што „така треба“ е најголемата грешка
Ако на сексот гледате како обврска, ќе го мразите. Никако не се согласувајте на планиран секс. Паровите кои имаат тајминзи за секс се понесреќни од оние кои имаат редок, но спонтан секс.
7. Бидете дарежливи
Луѓето кои имаат секс повеќе од трипати неделно обично се подарежливи при самиот чин. За нив, фокусот не е само на сопствените потреби, туку се трудат да ја задоволат другата личност. Секако дека за возврат и тие го добиваат истото.
М. Д. | Црнобело