Што може да ви открие бакнежот за вашата врска?

На сите ни е добро познато дека бакнежот служи за размена на страст и нежност, но сепак има и друга улога. Според научните истражувања, додека се бакнуваме, истовремено споделуваме информации за кои не сме ни свесни.

Sto moze da vi otkrie baknezot za vasata vrska 01

Нашите мозочни клетки потоа извлекуваат заклучоци, со кои може да се одлучи судбината на понатамошниот однос меѓу партнерите.

Истражувачите од универзитетот во Оксфорд темелно ги испитале тајните зад бакнувањето и откриле дека жените се подобри во препознавање кој партнер е добар за нив, според начинот на кој се бакнува.

Тие се повеќе пребирливи и на бакнежот му даваат поголема важност.

Бакнежот, всушност, може да ни открие што некој сака, какво му е здравјето и на крај, колку е сигурна личност.

Додека се бакнуваат, партнерите разменуваат супстанција наречена себум, што ја произведуваат жлездите. Себум содржи феромони, кои ни даваат вредни информации за друго лице. Накратко, тој открива што ни е заедничко.

Sto moze da vi otkrie baknezot za vasata vrska 02

Понатаму, оваа супстанца открива дали партнерот е доволно здрав и способен за да создаде семејство. Се разбира, процесот на оценување се одвива несвесно, но влијае врз нашата одлука. Дури 60 проценти луѓе изјавиле дека изгубиле интерес за потенцијалната личност по лошиот прв бакнеж.

Бакнувањето може да разбуди привлечност, но и аверзија.

Бакнежот ја зајакнува врската меѓу двете лица кои се сакаат, стимулира секреција на окситоцин, познат како хормон на љубовта. Покрај овој хормон, се произведува и сератонин, кој го зајакнува расположението и создава доверба.

Sto moze da vi otkrie baknezot za vasata vrska 03

Од друга страна, кортизолот, хормонот на стрес е минимален. Веројатно ќе размислите за сето ова следниот пат кога ќе се бакнувате со партнерот. Ова не е само форма на забава и интимност, туку и основа на здрава и силна врска.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg