Дали вие и вашиот партнер треба да спиете одделно?

Кога го гледаме ова прашање од гледна точка на социјалните очекувања, се чини дека се работи за необичен потег. Сепак, не е невообичаено луѓето кои се во врска да спијат во одделни простории, пред сѐ, заради здравјето, а и самата врска.

Dali vie I vasiot partner treba da spiete oddelno 01

Експертите тврдат дека е сосема нормално да се разделите од партнерот во текот на ноќта. Токму проблемите со спиењето често доведуваат до несогласувања во врските.

Откријте дали и како се овие два феномени поврзани:

Кога едниот партнер не спие мирно, другиот партнер е обично крив за тоа, главно заради ’рчење, клоцање или користење технички уреди. Ова незадоволство обично го наведува парот да спие во одделни кревети.

Но пред тоа да се случи, секогаш треба да разговарате искрено со вашето момче или девојка за проблемот и да ги објасните причините. Дозволете секоја страна да има специфични услови во просторијата, што се однесуваат на температурата, светлината и бучавата.

Зачестена појава на спиење во одделни кревети има и свое име – „sleep divorce“. Меѓутоа, за да се избегне вистински развод, треба да му објасните на вашиот партнер дека тоа не е вистински развод, туку пробен период.

Ако само едната страна сака да ги смени навиките за спиење, постои ризик дека другата страна ќе го доживее тоа лично, како одбивање.

Ако погледнете назад во минатото, ќе откриете дека, до средината на минатиот век, спиењето во брачен кревет се сметало за надминато и нездраво. Во меѓувреме овие работи се смениле значително. Сега спиење заедно поттикнува блискост, безбедност и интимност.

Dali vie I vasiot partner treba da spiete oddelno 02

Кога спонтано ќе се допрете во сонот, мозокот лачи окситоцин, хормон на среќата. Од друга страна, да се биде разделен ноќе создава поинаков вид интимност. Поточно, ги охрабрува партнерите да зборуваат за важни теми и чувства.

Некои парови на почетокот се соочуваат со тешкотии, затоа што им недостасува блискост. Како што одминуваат деновите, ова станува полесно. Податоците покажуваат дека во Америка, 1 од 4 парови спијат во одделни простории, најмногу заради здравјето, а не социјалните норми.

Добриот сон помага во намалување на стресот, депресијата, вознемиреноста и напнатоста.

Концептот „sleep divorce“ не е толку сериозен како што сугерира името. Доколку се решите на овој потег издвоите дел од денот за разменување нежности, или пред спиење или наутро, кога ќе се разбудите.

Покрај тоа, разговарајте за тоа како се чувствувате. На крајот, ова искуство, иако можеби не делува така, може да направи повеќе добро отколку штета.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg