Постојат 5 стилови на заведување - кој е вашиот?
Можеби се прашувате дали постои рецепт за успешно заведување на личност што ни се допаѓа? Но поважно од изборот на самата техника, гестот или самиот говор, е идејата за видот на врската што сакаме да ја создадеме.
На пример, ако сакаме долгорочен однос, заведувањето треба да вклучува вистински интерес за другата личност. На кој стил припаѓате вие?
Кога заведувате друга личност дали користите говор на тело, допир, насмевка, намигнување и слично? Или претпочитате да ги покажувате вашите добри манири и да не истакнувате какви било сексуални конотации? Дали го преземате првиот чекор?
Истражувањата покажаа дека можеме да ги класифицираме луѓето во пет различни стилови на заведување.
Традиционални, физички, искрени, игриви и пристојни... Каде се пронаоѓате вие?
Традиционален
Во традиционалниот стил на заведување, жената може да го покаже својот интерес, но мажот е тој кој го прави првиот чекор. Исто така, се очекува мажот да го води разговорот и да иницира повторно дружење.
Луѓето кои се задоволни со овој стил на заведување најчесто се интроверти и не се чувствуваат пријатно. Овој стил им одговара, бидејќи се одвива постепено и најчесто во врска во која маж и жена веќе се познаваат од порано.
Физички
Луѓето со овој стил се слободни да ја изразат својата сексуалност. Најчесто тоа го прават вербално, со инсинуирање на нејасни пораки за нивните сексуални желби и намери и со тоа се чувствуваат удобно и опуштено.
Луѓето кои го користат овој стил тврдат дека многу добро можат да го препознаат интересот на потенцијалните партнери.
Искрен
Овој стил, во суштина, содржи желба за остварување на емоционален контакт со потенцијалниот партнер. Луѓето се стремат кон интимност, откривајќи се себеси и своите емоции и покажуваат голем интерес за личноста што ја сакаат.
Таквите луѓе најчесто први им приоѓаат на лицата што им се допаѓаат. Овој вид на заведување не е погоден за комуникација со сексуален интерес.
Игрив
Овој вид заведување го користат луѓе кои сакаат да ја зајакнат својата самодоверба. Тие заведуваат дури и кога немаат никаков интерес да започнат врска. Тие уживаат во чинот на заведување и го гледаат како игра и забава.
Целта на заведувањето за нив е заведувањето само по себе.
Пристоен
Тешко е да се препознае дали овие лица заведуваат и дали се заинтересирани за врска воопшто. Тие заведуваат претпазливо и според некои нивни правила и во никој случај не го потенцираат можниот сексуален интерес.
Тие веројатно ќе бараат емотивна и искрена врска.
Кој стил е најдобар?
Во зависност од тоа што сакате да постигнете, можете да изберете и стил на заведување што ќе го користите. Доколку ве интересира врска која ќе биде полна со страст, сексуалност и емоционална хемија, користете го физичкиот стил.
Користете го вашето тело за да комуницирате со вашиот потенцијален партнер и слободно користете разни нејасни инсинуации.
За многу подлабока врска, за која може да се каже дека има големо емоционално значење, добро е да се користи пристоен стил на додворување, за да се избегне сексуално заведување. Но ако сакате да имате значаен однос, кој исто така е исполнет со страст и хемија, се препорачува искрен стил.
Ашера | Црнобело