Зошто се жртвуваме кога сме во врска и кога е оправдано?

Жртвувањето за партнерот е дел од секоја врска. Подготвеноста да се жртвува за партнерот за некои луѓе служи како доказ за љубов. Но, кои се вистинските причини зошто се жртвуваме?

Ova se vistinskite pricini za zrtvuvanje vo vrskite 01

Жртвување од погрешни причини може да доведе до расправии и раскинување на врските.

Дали жртвување по секоја цена е израз на љубов? Кои се вистинските причини за жртвување во врските?

Исправни причини за жртвување во врската

Кога постои искрена и реална причина да се жртвувате за вашиот партнер, за да го направите посреќен и да инвестирате во иднината на вашиот однос, вие лично ќе имате голема корист од тоа.

Луѓето кои се жртвуваат од овие причини се посреќни и позадоволни од нивната врска. Но проблемот се јавува ако го направите тоа по цена на сопствената среќа.

Вашата намера може да биде добра. Сакате да бидете добар партнер и да му угодувате на партнерот, но ако го правите тоа често и се запоставувате себеси и вашите потреби, вашата самодоверба ќе падне и ќе бидете несреќни. Ова пак ќе влијае на вашиот партнер и ќе направи повеќе штета отколку добро.

Ova se vistinskite pricini za zrtvuvanje vo vrskite 02

Погрешни причини за жртвување во врската

Од друга страна, можно е вашата искрена причина за жртвување да биде избегнување на дискусии и кавги.

Го правите она што го сака вашиот партнер, без разлика дали се согласувате да гледате филм во кино или да не одите надвор затоа што вашиот партнер има семеен ручек, само за да не мора да разговарате и да донесувате одлуки.

Луѓето кои се жртвуваат од овие причини се помалку среќни и помалку задоволни од врската. Исто така, можеби мислите дека не е важно дали сте во право, бидејќи партнерот ќе биде задоволен и со тоа вашата жртва ќе има смисла.

Ova se vistinskite pricini za zrtvuvanje vo vrskite 03

Луѓето што знаат дека причината за нивното жртвување е избегнување на конфронтација, се помалку задоволни од врската. Освен тоа, ако се согласите на жртвување за да му докажете на партнерот “колку сте прекрасни и секогаш се жртвувате за него / неа“, можеби ќе го навредите вашиот партнер.

Потенцијално најлошата причина за жртвување во врската е да очекувате дека оваа концесија ќе ви биде вратена.

Сепак, неопходно е да се потенцираат разликите помеѓу луѓето и различните причини за жртвување. Не сме сите алтруисти, а ако партнерот не возврати на вашето жртвување во иста мера не значи дека не ве сака.

Затоа е важно да се знаат вистинските причини за ова, дали се исправни или погрешни, себични или несебични. На овој начин ќе знаете и каде стоите емотивно во вашата врска и дали истата заслужува да биде жртвувана или да се жртвувате за неа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg