10-те најчести лаги што ги кажуваат мажите на првиот состанок

Исто како и жените, и мажите сакаат да се прикажат во најдобро светло на првиот состанок.

10-te-najchesti-lagi-shto-gi-kazhuvaat-mazhite-za-vreme-na-prviot-sostanok-01.jpg

Иако повеќето луѓе се обидуваат да бидат искрени на првиот состанок, понекогаш се случува и да прикријат нешто. Ова е нормално, бидејќи сигурно ни вие не сакате да оставите лош впечаток при првата средба.

Имајте на ум дека поголемиот дел од лагите на мажите се само со цел да ве импресионираат и не би требало да им замерувате за тоа.

Но како и да е, добро би било да знаете за што најчесто лажат мажите на првиот состанок:

Неговата финансиска состојба

Во поголемиот дел од историјата, мажот бил тој што требало да го издржува семејството. Па, не е ни чудно што и денес мажите сакаат да покажат дека се финансиски стабилни и дека можат да се грижат за нивните партнерки.

Мажот нема директно да ви каже дека има многу пари, но можно е да се пофали со скап одмор, скапа облека, автомобил и слично.

Сепак, имајте на ум дека ова можеби се лаги, па немојте да се изненадите ако подоцна дознаете дека е задолжен „до гуша“.

Неговата животна ситуација

Доколку мажот живее со цимери или со семејството, може да помисли дека ова нема да ви се допаѓа. Најмногу бидејќи смета дека ќе изгледа како да не може да се грижи за себе.

Во овој случај, тој веројатно нема самиот да ви каже со кој живее, сè додека не го прашате. А кога ќе го прашате, веројатно ќе каже дека тоа е само привремено.

10-te-najchesti-lagi-shto-gi-kazhuvaat-mazhite-za-vreme-na-prviot-sostanok-02.jpg

Дали се гледа со друга жена

Доколку мажот во меѓувреме се гледа со некоја друга жена, најверојатно нема да го открие тоа на првиот состанок.

Ова не значи дека сите мажи го прават тоа, но добро е да бидете внимателни.

Неговите навики за вежбање

Како секоја жена, и мажите одвреме-навреме се чувствуваат несигурно за својот изглед. Па, за да ве убеди дека е во добра форма, мажот може да ви каже дека често оди во теретана или дека спортува.

Ова, се разбира, не мора да биде вистина.

10-te-najchesti-lagi-shto-gi-kazhuvaat-mazhite-za-vreme-na-prviot-sostanok-03.jpg

Неговото последно раскинување

Неретко мажите ја кријат причината за раскинувањето на последната врска.

Без разлика дали ја изневерил партнерката или тој бил со скршено срце, тој мисли дека ова ќе го прикаже во лошо светло.

Неговото работно место

Можеби нема да ве излаже дека е директор, но сигурно малку ќе ја измени вистината за да изгледа подобро во вашите очи.

Имајте на ум дека доколку ве излаже за ова, најверојатно го прави бидејќи сака да ве импресионира.

10-te-najchesti-lagi-shto-gi-kazhuvaat-mazhite-za-vreme-na-prviot-sostanok-04.jpg

Неговото минато

Доколку мажот во минатото имал проблеми со законот, со зависност или нешто слично, веројатно ќе го скрие тоа на првиот состанок.

Тој може да крие детали од неговото минато сè додека не се увери дека нема да му судите за тоа. И тоа е сосема нормално.

Неговите врски од минатото

Освен ако не станува збор за маж кој секогаш ѝ бил верен на една жена, најверојатно нема да спомне ништо за врските од минатото.

Доколку имал повеќе партнерки, сигурно нема да ви го каже точниот број, иако голем број од нив знаат да се пофалат со своето искуство.

10-te-najchesti-lagi-shto-gi-kazhuvaat-mazhite-za-vreme-na-prviot-sostanok-05.jpg

Неговите пријатели

Можеби тој ќе зборува за неговите пријатели, но нема да каже доколку некој од нив е лоша или проблематична личност. Истовремено, нема да каже дека понекогаш повеќе би сакал да се дружи со нив отколку со вас.

Можно е да ви кажува само за одредени пријатели, за кои е сигурен дека ќе имате добро мислење.

Неговите вистински намери

На првиот состанок може да ви изгледа како мажот да сака вистински да ве запознае. Но, понекогаш мажите сакаат само секс.

Не значи дека ова е целта на секој маж, но додека не го запознаете подобро, бидете внимателни.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg