6 причини зошто чувствувате болка во стомакот после секс
На многу жени им се случува да почувствуваат болка во стомакот после секс.
Експертите велат дека ова е всушност болка на долниот дел од карлицата, бидејќи се чувствува поблиску до вагината.
Но, останува прашањето – Зошто се случува ова?
Положба за време на секс
Ако чувствувате болка после секс во мисионерска или „кучешка“ поза, тогаш причината може да биде длабоката пенетрација.
Во овој случај, најдобро е да пробате вие да бидете горе. На овој начин ќе имате поголема контрола над пенетрацијата и ќе ја избегнете болката.
Ендометриоза
Ендометриозата е заболување каде што ткивото на матката расте и почнува да ги зафаќа околните органи. Болката во пределот на карлицата за време на и после секс е еден од најчестите симптоми.
Експертите велат дека во овој случај длабоката пенетрација предизвикува болка бидејќи органите се како споени.
За ова заболување најдобро е да се обратите кај гинеколог. Притоа обрнете внимание и на симптоми како силни болки за време на менструација и обилно крвавење.
Цисти
Многу жени имаат цисти во јајниците. Цистите се „вреќички“ исполнети со течност и се наоѓаат во јајникот или на неговата површина.
Повеќето цисти се безопасни и исчезнуваат сами. Но, во некои случаи цистите се зголемуваат и предизвикуваат болка.
Карличните цисти се малку поразлични и можат да се развијат после операција или од инфекција.
И во овој случај најдобро е да се консултирате со вашиот гинеколог, кој ќе ви направи ултразвук за да го дијагностицира проблемот.
Инфекција или воспаление
Вагиналните инфекции од бактериите кои обично се наоѓаат во вагината, како и сексуално преносливите болести можат да се прошират од вагината, до матката и јајниците. Ова, пак, почнува да предизвикува болка и во вагината, и во карлицата.
Оваа болка речиси секогаш е константна, а сексот може да ја влоши.
Доколку станува збор за инфекција, вашиот гинеколог најверојатно ќе ви препише антибиотици. Доколку станува збор за воспаление, најверојатно ќе добиете лекови за болка.
Положба на матката
Речиси 30% од жените имаат матка која е поставена малку погоре. Доколку и вие спаѓате овде, експертите советуваат дека нема простор за грижа.
Понекогаш оваа појава може да предизвика болка после секс, најверојатно бидејќи органите се поблиску еден до друг.
Вашиот гинеколог ќе ви помогне да откриете дали ова е причина за вашата болка. Истовремено, можете да пробате некои секс пози со плитка пенетрација.
Фиброиди
Иако фиброидите се бенигни тумори во матката, тие можат да предизвикаат болка за време на секс. Ова зависи од нивната големина и положба во матката.
Понекогаш фиброидите предизвикуваат и грчеви во мускулите – уште една причина за болка после секс.
И овојпат, решението на проблемот ќе го најдете кај вашиот гинеколог.
Спирова С. | Црнобело