5 причини зошто бришењето на фотките со бившиот е паметен потег
Расчистување на социјалните мрежи од остатокот на врската што завршила е подеднакво стресно како и раскинувањето.
Гледањето фотографии на кои сте биле среќни и заљубени може да го отежни заздравувањето од раскинувањето, како и самиот факт што сите ваши виртуелни пријатели откриваат дека вашата љубовна приказна завршила.
Не дозволувајте тагата да ве спречи да ги избришете сите траги на вашиот поранешен партнер од социјалните мрежи.
Ова се 5 причини зошто треба тоа да го направите веднаш:
1. Можете да заборавите зошто раскинавте
Ако постојано ги гледате вашите среќни фотографии, можеби ќе имате желба да се обидете повторно и да заборавите зошто воопшто раскинавте.
Запомнете дека фотографиите се документи од некое друго време, кога сте немале проблеми во вашата врска, но сега ситуацијата е поинаква. На овој начин нема да продолжите понатаму, туку ќе се вратите во минатото и ќе се измачувате со спомени.
2. Фотографиите ќе ве потсетат дека сте биле омилен пар на сите
Прекрасните коментари и емотикони од вашите пријатели, под споделените фотографии, и сеќавањето на убавите времиња само ќе ве повредат.
Колку и да бевте убав пар и колку и да навиваа луѓето за вас, подобро е да ги избришете сите слики што е можно поскоро, за да ја надминете болката што побрзо.
3. Идниот партнер може да мисли дека не сте го прежалиле претходниот партнер
Еден ден, кога ќе бидете потполно рамнодушни кон поранешниот партнер и ќе ја пронајдете личноста која навистина ви одговара, фотографиите од претходниот партнер можат да испратат погрешна порака. Идниот партнер може да мисли дека не сте го прежалиле претходниот партнер
4. Поранешниот партнер ќе разбере зошто го сторивте тоа
Доколку не сакате да оставите впечаток на лута и огорчена личност која сака по секоја цена да ги избрише спомените, поради што избегнувате да го направите тоа, не сте во правo.
Овој потег не покажува дека сте слаби, туку дека сакате да свртите нова страна во вашиот живот, и ако вашиот поранешен партнер е разумен човек, ќе разбере дека тоа го правите за заемна корист.
5. Нема причина да не го сторите тоа
Ако мислите дека еден ден ќе сакате повторно да ги погледнете фотографиите, тогаш не треба да ги избришете засекогаш. Зачувајте ги во некоја папка на вашиот компјутер, важно е само да ги отстраните од видлива локација сè додека не бидете подготвени.
Ашера | Црнобело