Дечко кој работи како професионален ескорт - Со што се соочувам на работното место?

29-годишен маж од Австралија, кој веќе со години работи како ескорт во Лондон, на Reddit сподели како изгледа еден негов работен ден.

decko-koj-raboti-kako-profesionalen-eskort-so-sto-se-soocuvam-na-rabotnoto-mesto-01.jpg

Со проституција, која е легална во Велика Британија, почнал да се занимава пред 10 години, бидејќи како што самиот вели, поискористено се чувствувал кога бил дел од канцелариски тим во голема фирма.

Идентитетот не сакал да го открие, но се опишал како момче со кафеава коса, сини очи, атлетско тело и бисексуалец.

Во продолжение, ви пренесуваме како изгледа неговата работа:

„Некогаш одам на вечера со клиентите, некогаш во кино, казино или на нивните приватни јахти и авиони, одморалишта и вили. Некогаш се случува и да дојдат кај мене или да одам кај нив во стан или хотелот во кој се сместени.

Тешко е да се рекламираш како независен работник и да работиш сам бидејќи сè е полесно кога водат макроата, борделите и слично.“

Открива и дека повеќето клиенти му се мажи, но повеќе сака да спие со жени или транссексуалци.

„Не е дека не ми се допаѓа сексот со машките клиенти, уживам и во него, но тоа е само мал дел од мојата сексуалност и ако имам секс само со машки клиенти, не би бил задоволен.“

Доколку клиентите доаѓаат кај него тогаш плаќаат 220 долари на час, а ако тој оди кај нив, тогаш плаќаат 300 долари.

decko-koj-raboti-kako-profesionalen-eskort-so-sto-se-soocuvam-na-rabotnoto-mesto-02.jpg

Цифрата се зголемува доколку оди надвор од земјата, а цената се дуплира кога е во Дубаи.

Вели дека имало и клиенти кои се заљубиле во него, па имал непријатни ситуации.

„Често ми викаат те сакам и морам добро да размислувам што да им одговорам, за да не им дадам лажна надеж. Обично велам: Баш си сладок/ка. Сакам да поминувам време со тебе. Не сакам да ги повредам. Тогаш обично ја завршуваме соработката, бидејќи не можат да се носат со емоциите кон мене.“

Неговото семејство не знае со што се занимава бидејќи не сака да ги загрижува, но вели дека е претпазлив и не се бакнува со клиентите, користи заштита, не консумира недозволени супстанци и не се впушта во сексуален однос со двајца клиенти истовремено.

„Одбивам лица кои се под дејство на алкохол или супстанци, како и лица кои одбиваат да се истушираат. Сакам да нагласам дека низ оваа работа запознав многу интересни луѓе, имав прекрасни искуства, многу патував и заработив.

Најдобро од сè е што парите одат директно кај мене и никој друг нема профит,“ нагласува младиот ескорт.

decko-koj-raboti-kako-profesionalen-eskort-so-sto-se-soocuvam-na-rabotnoto-mesto-03.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg