Зошто не е паметно да останете пријатели со бившите?

Колку и да сакате да останете во коректни односи со бившите, психолозите ќе ви кажат кратко и јасно - немојте!

zosto-ne-e-pametno-da-ostanete-prijateli-so-bivsite-01.jpg

Зошто не е паметно да останете пријатели со бившите откако ќе раскинете?

1. Не можете одеднаш да ги исклучите емоциите

Тешко е да се соочите со животот без личноста со која мислевте дека ќе бидете засекогаш, но уште понеприродно е да ги задржувате во облик на пријатели.

Логично е да не можете да ги исклучите емоциите веднаш по одлуката да раскинете, а пријателството нема да ви помогне во тоа.

zosto-ne-e-pametno-da-ostanete-prijateli-so-bivsite-02.jpg

2. Ќе ви биде многу потешко да продолжите понатаму сами

Постојано ќе ги толкувате неговите/нејзините реакции, постојано ќе мислите што сакал/а да каже и како се чувствува, а тоа нема да ви помогне во процесот на заздравување и одвојување.

zosto-ne-e-pametno-da-ostanete-prijateli-so-bivsite-03.jpg

3. Емоциите кај другата страна може да се засилат по раскинувањето

Посебно ако разделбата била ваша иницијатива.

zosto-ne-e-pametno-da-ostanete-prijateli-so-bivsite-04.jpg

4. А тоа понатаму може да ве доведе до „заедно сме – не сме заедно“ однос

А, и самите сте свени дека краткотрајните смирувања и раскинувања никогаш не се паметен избор.

zosto-ne-e-pametno-da-ostanete-prijateli-so-bivsite-05.jpg

5. Дружбите ќе бидат болни и непријатни

Да се соочиме, бившите никогаш нема да бидат поддршка кога некој друг ќе се пројави интерес за вас.

Дури и да сте дел од поголемо заедничко друштво, никогаш не е паметна идеја да минувате многу време заедно.

zosto-ne-e-pametno-da-ostanete-prijateli-so-bivsite-06.jpg

6. Близината само ги враќа нерешените проблеми

Колку и да не сте заедно, постојано ќе се карате и ќе дебатирате на темите на кои имате дијаметрално спротивни мислења. И секако, ќе си трупате нервози.

zosto-ne-e-pametno-da-ostanete-prijateli-so-bivsite-07.jpg

7. Ве спречува да се отворите за нови можности и врски

Новата врска никогаш не е паметен избор додека бившиот/бившата ви е во животот и тоа се докажало многупати досега.

zosto-ne-e-pametno-da-ostanete-prijateli-so-bivsite-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg