Постојат 3 вида љубовни врски – Каде спаѓа вашата вашата?
Ако сакате да откриете во каква врска сте, треба да знаете што точно се случува помеѓу вас и партнерот.
Постојат 3 „основни“ видови на врски, а секоја од нив влијае врз тоа колку се сакате со партнерот и колку се цените себеси.
Кога ќе дознаете кој тип е вашата врска, ќе знаете кон што треба да тежнеете за да ја направите врската уште подобра.
Традиционална врска
Ова е една од најчестите врски. Во овој случај, партнерите се фокусирани на заедничките интереси и вредности, а не на личниот раст и развој.
Во многу традиционални врски, ниту едниот од партнерите не се обидува да созрее психички или физички. Проблемот е што во оваа врска, не се зголемува поврзаноста на партнерите.
Во традиционалните врски, паровите се поврзани како личности, но не и на емоционално или духовно ниво.
Во овој случај, тие се фокусираат само на себе, а не и на другата личност. Секој гледа да ги задоволи своите потреби, на сметка на заедничките.
Овие врски стануваат статични, а со текот на времето се појавува и борба за надмоќ помеѓу партнерите. За да останат заедно, паровите избегнуваат да се соочат со проблемите, а се однесуваат како и воопшто да не постојат.
Повеќето се чувствуваат сигурно во ваква врска. Тоа е сè што сакаат и можат засекогаш да останат на нивното ниво. Оваа врска нема никогаш природно да созрее.
Но, штом едниот од партнерите ќе посака да поработи на духовниот развој, можно е да се почувствува закочен од динамиката на врската. Во тој случај, можна е и разделба.
Свесна врска
Кога две сродни души ќе се најдат, тогаш нивната врска е „свесна“, а сродните души навистина се поврзуваат на духовно ниво.
Иако сите веруваме дека ја бараме нашата сродна душа, ова е возможно само кога и двајцата партнери доживеале духовен развој пред да се сретнат.
Во свесната врска, фокусот е на духовниот развој, и индивидуалниот, и заедничкиот. Луѓето во оваа врска непрестајно учат, а целта им е да ги надминат физичките и емоционалните граници.
Кога и двајцата партнери активно работат на надминувањето на проблемите, тие си веруваат, се поддржуваат и градат врска во која не постои само „јас“, туку и „ние“.
Сепак, и во оваа врска може да се појави борба за моќ. Причинат е што партнерите се обидуваат да ги надвладеат и нивните личи фрустрации и проблеми.
Иако поврзаноста во овие врски е длабока, не значи дека секогаш траат долго. На врската ѝ се заканува крај кога партнерите повеќе не можат да созреваат заедно и не можат да ги задоволат суштинските потреби на другиот.
Возвишена врска
Ретко кој ќе се осмели да работи на својата врска за да го достигне ова ниво.
Партнерите кои се во возвишена врска се сакаат еден со друг безусловно. Едниот партнер е како „чувар на душата“ на другиот.
Овие партнери ја прифаќаат нивната одговорност и нивниот идентитет, емоционално се стабилни и не постои опасност да се изгубат себеси во врската.
Бидејќи се изграден како личности, на паровите во возвишена врска не им е тешко да прифатат дека се тим со партнерот. Бидејќи и двајцата партнери безусловно се прифаќаат еден со друг, овде не се создава борба за моќ.
Партнерите се поддржуваат еден со друг, без разлика какви се нивните желби и цели. Истовремено, без страв можат да споделат кога нешто не им се допаѓа во врската.
Партнерите во возвишена врска навистина го достигнале врвот и не мора повеќе да работат на неа. Доволно им е она што го споделуваат, задоволни се и од себе и од врската и можат да се посветат еден на друг до крајот на животот.
Денес се ретки ваквите врски, во кои партнерите работат и на свои проекти, но и на нивната поврзаност. Сепак, имајте на ум дека оваа врска не е за секого и не секој треба да се стреми кон неа.
Спирова С. | Црнобело