20 знаци дека го губите своето „јас“ во врската

Сите сме биле таму. Сите сме ги ставале туѓите потреби и желби пред сопствените.

20-znaci-deka-go-gubite-svoeto-jas-vo-vrskata-001.jpg

Но, бидејќи доволно е грешката да ја направите еднаш за да ја научите лекцијата, се надеваме дека овие 20 знаци ќе ви бидат мало потсетување дека не треба комплетно да се изгубите ако сте заљубени.

Дали и вашето „јас“ полека се губи во врската? Препознајте ги знаците:

1. Ги запоставивте сите свои интереси, хоби и активности во слободно време.

2. Пријателските врски ги губите полека, но сигурно.

3. Престанавте да ги користите зборовите јас, мене и мое.

4. Не можете да се сетите кога последен пат бевте сами со себе.

20-znaci-deka-go-gubite-svoeto-jas-vo-vrskata-4.jpg

5. Иднината ви зависи и ви се врти околу партнерот.

6. Тешко е да разберете дали некои работи ги правите за ваше добро или за заедничко добро.

7. Честопати го менувате мислењето зависно од реакцијата на партнерот.

8. Многу почесто сте анксиозни и загрижени.

20-znaci-deka-go-gubite-svoeto-jas-vo-vrskata-3.jpg

9. Не сте си приоритет сами на себе.

10. Премногу се трудите да ги контролирате работите околу вас.

11. Чувствувате дека идентитетот ви избледува, не знаете што точно сакате.

12. Се чувствувате невидливо во одредени ситуации и собири.

13. Претерано сте вклучени во секој аспект од животот на партнерот.

14. Константно зборување за врската, каде и да сте, со кого и да сте.

15. Зависни сте од телефонот кога не сте со партнерот.

20-znaci-deka-go-gubite-svoeto-jas-vo-vrskata-2.jpg

16. Постојано вие се менувате за врската да успее.

17. Свесни сте дека сте различни со партнерот, но не го кажувате тоа гласно.

18. Пријателите и семејството постојано ви зборуваат дека многу сте променети.

19. Фантазирате како би било да сте сингл.

20. Врската не е толку добра колку што се спомените.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg