Знаете ли зошто секогаш нé привлекуваат исти партнери?
Честопати, кога влегуваме од врска во врска, ни се повторува истиот модел на незадоволство, фрустрација и други проблеми што ги имаме со партнерот. Зошто?
Решението лежи во откривање на нашата несвесна слика што ни е програмирана уште од детство, а се нарекува имаго.
Имаго потекнува од латинскиот збор за слика, а ја претставува нашата несвесна слика на потребите и одговорите што ги научивме во детството, како од сопственото искуство така и од родителите.
Сите потреби што не се задоволени, или соодветно исполнети, ги ставаме во нашата потсвест во форма на рани од минатото што треба да ги лекуваме во сегашноста.
Избор на партнерот според имаго
Поминуваме низ животот без да ги знаеме нашите несвесни потреби, ги запознаваме луѓето и ги избираме партнерите. Партнерите што ќе ни се допаднат ќе бидат оние кои ги делат истите негативни и позитивни квалитети на нашите родители или старатели.
Ние несвесно бараме начин да ги лекуваме постојните рани. Тоа најдобро можеме да го сториме со партнерите кои се најмногу слични на луѓето што не повредиле. И така влегуваме во исти врски. Кога малку ќе размислите, можеби ќе ја сфатите поентата на целата приказна.
Вашиот партнер од вас ќе го бара она што вие најтешко можете да го дадете. И обратно. Ова значи дека сте несвесно компатибилни едни со други, во врска со причините и можноста за заздравување на раните од минатото.
Од причините наведени погоре, многу врски се осудени на пропаст, а малкумина се навистина среќни и хармонични. Но откривањето на сопствениот имаго ќе ви даде можност за заздравување на раните од минатото и уште поголема поврзаност и блискост.
Што е тоа што најмногу ви треба и што не можете да го дадете? Кои работи и настани најмногу ви пречат? Што најмногу ве радува? Размислете за ова.
Разговарајте со партнерот или пријателите кои ве познаваат долго време и ја знаат вашата љубовна историја. Обидете се да ги откриете моделите на однесувања и настани што се повторуваат во вашите врски.
Кога ќе ги откриете скриените рани и кога ќе станете свесни за вашите потреби, ќе го имате решението во вашите раце.
Ашера | Црнобело