Брачни парови откриваат: „Што го спаси нашиот брак?“
За врската со партнерот да биде здрава и за двајцата да уживате во неа, навистина треба да се потрудите.
Сепак, понекогаш, без разлика колку се обидувате, можат да настанат недоразбирања со партнерот. А, овие недоразбирања можат да станат толку сериозни, што на бракот му се заканува крај.
Но, тоа не значи дека вашата љубов нема шанси да преживее.
Понекогаш, најчудните нешта, на кои нема ни да помислите, можат да го спасат вашиот брак, а овие луѓе го докажуваат тоа:
Разделба
„Го спасив мојот брак кога спомнав разделба.“
Слобода
„Ја сакам слободата која се добива кога децата ќе го напуштат родителското гнездо. Ова дефинитивно го спаси мојот брак. За некои е навистина стресно кога децата ќе се иселат од дома, но за мене, ова беше спас.“
Одвоени кревети
„Отидов да спијам во другата соба, сама, без сопругот. Искрено, одвоените спални соби го спасија нашиот брак.“
Професионална помош
„Му кажав на психијатарот што сакам. Мене, терапијата ми помогна да ги решам своите проблеми. На крај, ги спасив и својот брак, и кариерата и врската со моите деца.“
Излегување со други
„Сопругата ми дозволи понекогаш да се гледам со други жени. Тоа го спаси нашиот брак.“
Вистинската играчка
„Секс играчки и отвореност. Ова е комбинацијата што го спаси мојот брак.“
Кратка пауза
„Кратко време поминав во затвор. Тоа го спаси нашиот брак. Тогаш сфативме колку всушност се сакаме и колку сме си потребни еден на друг. Повеќе никогаш не сакам да бидам одвоен од неа.“
Тешка загуба
„Смртта на мојата мајка нè зближи и ни го спаси бракот.“
Нови искуства
„Повторно почнавме да излегуваме на состаноци, пробувавме нови нешта и доживувавме разни авантури. Тоа гo спаси нашиот брак, но и ни помогна да откриеме нови хобија и интереси.“
Уште едно ќебе
„Речиси сто проценти сум сигурен дека тоа што купивме посебни ќебиња, го спаси нашиот брак.“
Спирова С. | Црнобело