5 можни причини зошто луѓето бараат доминанти партнери
Додека ширум целиот свет жените се борат за своите права, некои од нив сепак сакаат да имаат доминантен партнер.
Едно истражување тврди дека девојчињата се израснати на таков начин, што потсвесно посакуваат партнер кој ја презема контролата и ги донесува сите одлуки.
Проблемот е што повеќето не се ни свесни дека привлекуваат само доминантни партнери, а нивниот карактер има голема улога овде.
Но, не се само жените оние кои одбираат доминантен партнер и истото може да им се случува и на мажите.
Доколку сте забележале дека имате историја со доминанти партнери, погледнете кои се можните причини за тоа:
Жените ги привлекуваат лоши момци
Ова не е стереотип, туку факт. Обично доминантните мажи пушат, пијат, имаат тетоважи и се однесуваат импулсивно. Овие карактеристики, пак, им изгледаат возбудливо на жените, па тие стануваат лесна „мета“.
Токму ова им овозможува на „лошите момци“ да преземаат контрола.
Барате партнер кој ќе донесува одлуки за вас двајцата
Длабоко во себе, секој мисли дека ќе биде многу полесно ако не мора сам да ги донесува ситe одлуки. Поради ова, можно е да одбирате партнери кои ќе донесуваат одлуки за вас.
Со текот на времето, ќе се навикнете на ова, па ќе станете целосно зависни од партнерот.
Добрите луѓе ви изгледаат здодевно
Можеби не сакате партнер кој само ќе ви приредува романтични изненадувања и кој ќе ве држи за рака. Најверојатно сакате партнер со авантуристичка страна, некој кој ќе ви покаже возбуда.
Поради ова, добрите луѓе ви изгледаат здодевно, па завршувате со доминантна личност.
Не мешајте ја доминантноста со агресија и малтретирање
Да бидете доминантна личност е одлично, но понекогаш, ова може да ве направи насилни. Се разбира, ова не значи дека доминантните луѓе не знаат за љубов, но тие секогаш ќе сакаат да контролираат во врската.
Сепак, важно е да ја знаете разликата помеѓу доминантноста и малтретирањето. Доколку партнерот ве тера да правите нешто што не сакате, тогаш веќе станува збор за малтретирање. Во овој случај, тргнете се настрана што е можно побрзо.
Детството има големо влијание
На крај, начинот на којшто сте израснати ќе ги одредува вашите врски. Ако вашите родители биле доминанти, тогаш ќе барате и таков партнер.
Причината е што вие сте навикнати на таков живот, па потсвесно ги барате истите одлики и кај потенцијалните партнери. Секогаш привлекувате доминантни партнери и ова се претвора во бескраен циклус.
Спирова С. | Црнобело