8 работи што се романтични во филмовите, но не и во реалноста

Сите љубовни триаголници

„Во реалниот свет, љубовните триаголници завршуваат со повредување.“

Љубовните триаголници се одличен заплет за приказните во филмовите и сериите, како на пример во Twilight, Vampire Diaries и уште многу други.

Со пријателките можете со часови да навивате за еден пар и едвај да го дочекате крајот за да видите кој со кого ќе заврши.

Но во реалноста, љубовните триаголници завршуваат со скршено срце. Покрај тоа, сигурно не би сакале да бидете со некој кој се двоумел помеѓу вас и друга личност.

8-raboti-shto-izgledaat-romantichno-vo-filmovite-no-ne-i-vo-realnosta-06.jpg

Изневерување на сегашниот партнер со вашата вистинска љубов

„Не ми се допаѓа изневерувањето во филмовите и сериите. Само затоа што главниот лик е ’вистинскиот‘, се оправдува изневерувањето на спореден лик.“

Ова е нешто што го има во речиси секој романтичен филм. На пример, You've Got Mail е навистина интересна романтична комедија. Но, речиси сите што го гледале филмот забораваат дека и Кетлин и Џо беа во врска со други луѓе, кога почнаа да се допишуваат. 

Проблемот е што толку многу ни се допаѓаат главните ликови, што се обидуваме да ја оправдаме секоја нивна постапка. Но во реалноста, и „споредните ликови“ имаат чувства.

Ако сте вљубени во некој друг, а не во вашиот партнер, тогаш не треба воопшто да бидете со него. Најдобро е да ги завршите нештата со сегашниот партнер, пред да се обидувате да ѝ давате шанса на нова љубов.

8-raboti-shto-izgledaat-romantichno-vo-filmovite-no-ne-i-vo-realnosta-07.jpg

Посесивноста е атрактивна

„Помислете на 50 Shades of Grey. Изгледа толку романтично кога еден маж ја сака жената само за себе, па прави планови, љубоморен е и ја контролира. Се однесува лошо кон неа бидејќи се грижи и вистински ја сака. Во реалноста, ова е грозно и нездраво.“

50 Shades of Grey навистина го разбранува светот, но да бидете контролирани од некој (и надвор од спалната соба) не е воопшто романтично.

Всушност, ова е јасен знак за токсична врска. Ако вашиот партнер не може да ја контролира љубомората и сака да го следи секое ваше движење, тогаш имате проблем.

Во врските важна е еднаквоста, а не различната моќ на партнерите.

8-raboti-shto-izgledaat-romantichno-vo-filmovite-no-ne-i-vo-realnosta-08.jpg

Смирување на расправа со бакнеж

„Мразам кога мажите ги бакнуваат жените само за да ги замолчат додека се расправаат!“

Ова може да биде навистина романтична сцена на екран. На пример, речиси целата врска на Чак и Блер од Gossip Girl е токму ваква, а фановите беа луди по нив.

Но, замислете си како би изгледало во реалноста. Зарем би сакале партнер кој наместо да ве слуша и почитува, сред секоја расправа ќе ве бакне за да ве замолчи?

8-raboti-shto-izgledaat-romantichno-vo-filmovite-no-ne-i-vo-realnosta-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg