8 работи што се романтични во филмовите, но не и во реалноста

Доколку сакате да гледате романтични филмови, тогаш сигурно знаете дека ништо од нив не треба да сфаќате сериозно.

8-raboti-shto-izgledaat-romantichno-vo-filmovite-no-ne-i-vo-realnosta-01.jpg

Постојат многу работи што се случуваат во овие филмови, но што никогаш не би се случиле во реалноста. Исто така, постојат и некои работи кои во филмовите изгледаат романтично, но кои се чудни, па дури и морничави во реалноста.

Ако сте го забележале ова, не сте единствените. На форумот Reddit, неколку жени споделиле кои се нештата што на филмовите можеби изгледаат романтично, но не и во реалноста.

Погледнете за кои станува збор:

Следење на личноста сè додека не се согласи да биде со вас

„Го мразам демнењето кое е прикриено како некој добар гест. Го имам видено ова во многу серии и филмови. Жената раскинува со мажот од некоја причина и му вели дека не сака да го види. Но, мажот прави ’добро дело‘, наместо да ја послуша. Па, се појавува, непоканет, во нејзината канцеларија или во нејзиниот дом, за да ѝ каже колку ја сака. Ако не успее еднаш, тој не се откажува, сè додека жената не е повторно вљубена во него.“

Се сеќавате на The Notebook? Ноа толку многу ја „демнеше“ Али, што дури се стави во опасна ситуација бидејќи таа не сакала да биде со него. И целата сцена се одвиваше додека Али беше на состанок со друг маж.

Доколку во реалноста се најдете во ваква ситуација, најверојатно ќе повикате полиција.

8-raboti-shto-izgledaat-romantichno-vo-filmovite-no-ne-i-vo-realnosta-02.jpg

Одбивање да прифатите „Не“ за одговор од жена која не е заинтересирана за вас

„Во филмовите често има жена која одбива потенцијален машки партнер, но мажот не се откажува. На крајот тие се бакнуваат и на жената очигледно ѝ годело вниманието, па се мисли дека сите жени го сакаат тоа.“

Слична ситуација има во филмот Hitch. Хич и Сара никогаш не би биле заедно, ако Хич се помиреше со одбивањето на Сара.

Но во реалноста, сигурно не би сакале да ве „брка“ некој на којшто сте му кажале дека не ви се допаѓа. Ова е дури и морничаво.

8-raboti-shto-izgledaat-romantichno-vo-filmovite-no-ne-i-vo-realnosta-03.jpg

Лажење, дури и ако е за заштита

„Лажев за да те заштитам. Ова е фразата од романтичните филмови што најмногу ја мразам.“

Во Crazy Rich Asians, Ник никогаш не ѝ кажува на Рејчел за неговото семејно богатство, сè до последниот момент.

Можеби во филмот лагата на Ник е оправдана, но реалноста е поинаква.

Штом личноста ве лаже уште на почетокот, сигурно не би сакале сериозна врска со неа. Ова уште веднаш укажува на проблеми со довербата, кои со текот на времето само ќе стануваат поголеми.

8-raboti-shto-izgledaat-romantichno-vo-filmovite-no-ne-i-vo-realnosta-04.jpg

Менување на личноста што ви се допаѓа

„Во речиси секоја љубовна драма има девојка која е вљубена во кретен, кој потоа се претвора во добро момче.“

Чак од Gossip Girl се промени за Блер, а Чендлер од Friends се промени за Моника. Но без разлика во што ве тераат филмовите да верувате, не можете да промените некој.

Покрај тоа, доколку сакате да ја промените личноста, запрашајте се дали воопшто ви се допаѓа.

8-raboti-shto-izgledaat-romantichno-vo-filmovite-no-ne-i-vo-realnosta-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg