12 работи кои може да ги направите по раскинување, наместо да се заљубите повторно
Иако многумина често се впуштаат од врска во врска, сепак некогаш по раскинувањето, важно е да се фокусирате на себеси, а не повторно да се заљубувате и обврзувате за некого.
Раскинувањата може да бидат тешки и голем број луѓе наоѓаат утеха во некој друг партнер, кој очекуваат да ја пополни празнината која им ја оставил претходниот.
Сепак, понекогаш, наместо да чекате некој да ја пополни таа празнина и да ве „направи среќни“, треба да научите како сами да се направите среќни и да си бидете доволни сами на себе, пред да најдете некој друг.
Наместо веднаш да се обврзете за некого и повторно да го посветите животот некому, застанете за миг и помислете на себе. Што е она што го сакате, а не сте имале можност да го правите?
Во што сте биле спречени? За што сте немале време? До каде сте со личниот и професионалниот развој? Кога последен пат сте направиле нешто за себе?
Ова е периодот кога можете целосно да е посветите на себе, а во продолжение ви нудиме неколку активности и работи кои може да ги направите наместо да влетате во нова врска.
Слободно дополнете ја листата:
1. Почнете да патувате – сами, со пријателите, со семејството. Истражувајте нови места и култури, запознавајте нови луѓе.
2. Обновете ги односите со пријател кој веќе не живее во вашата земја – посетете го и навратете се на старите времиња.
3. Поминувајте повеќе време со пријателите кои сте ги запоставиле додека сте биле во врска – зближете се повторно како порано.
4. Научете да свирите некој инструмент, изучувајте нов јазик или надградете некоја вештина – инвестирајте во себе и вашите таленти.
5. Запишете се на некој спорт и исфрлете ја цела негативна енергија со тренинг, наместо да ја чувате во себе.
6. Ако имате желба, охрабрете се за некои екстремни или необични спортови – планинарете, качувајте се на карпи, одете на нуркање, скокајте со падобран, летајте со параглајдер...
7. Испланирајте ја вашата иднина без никакви ограничувања и без да размислувате дали на некој друг ќе му одговара – важни сте само вие.
8. Искористете го секој момент за да се посветите на вашето семејство – вклучете се во што повеќе заеднички активности и живејте ги моментите заедно.
9. Научете да си го сакате и негувате телото – грижете се за себе како што не може никој друг.
10. Научете да готвите нови јадења и размазете се со исхрана во која вие уживате.
11. Практикувајте јога и медитации – смирете го умот и душата и научете како да се чувствувате удобно со самите себе.
12. Преуредете го вашиот дом по ваш вкус и направете си го просторот комфор зона во која ќе се чувствувате безбедно и пријатно.
M. M. | Црнобело