5 причини што го објаснуваат нашиот страв од љубов
Повеќето ќе ви кажат дека нема ништо подобро од чувството што го имаме кога сме во врска со личност што ни се допаѓа, но тоа за некои луѓе едноставно не е доволно. Понекогаш ги прогонуваат стравови што ги спречуваат да се поврзат со други луѓе и да го откријат вистинското значење на љубовта.
Што е тоа што најмногу ги плаши луѓето кога станува збор за вљубување? Можеби следниве 5 причини ќе одговорат на ова прашање…
Се плашиме од повторување на старите грешки
Убедени сме дека нашата нова врска ќе заврши исто како и старата, затоа се откажуваме од љубов пред дури и да започне.
Ова е, ќе се согласите, прилично лош став, што нè охрабрува да се самосожалуваме, наместо да се справиме со проблемите и да им дозволиме на другите да влезат во нашите животи.
Тешко ни е да се поврземе само за едно лице
Притисокот да се биде само со една личност денес е помал, отколку во времето на нашите родители. На некои луѓе не им пречи да имаат отворена врска со партнерот.
Луѓето кои го избираат овој начин на живот најчесто се деца од несреќни бракови, кои стравуваат дека судбината на нивните родители ќе се повтори.
Не сакаме да го изгубиме идентитетот
Вложивме многу напор за развој на нашата личност и нашата независност за толку лесно да се предадеме на другата личност. Ова е заеднички став на многу луѓе.
Вистината е дека промената е неизбежна, сакале или не, и ако мислите дека за десет години ќе бидете исти како што сте денес, грешите.
Се плашиме од реакцијата на околината на нашиот избор на партнер
Кога ќе влезете во врска сите луѓе ќе имаат свој став кон вашиот партнер, а многу од нив ќе ви го кажат своето мислење без воопшто да ги прашате.
Вашите родители, речиси сигурно, ќе ве известат дали го одобруваат или не вашиот избор.
Се плашиме да ги откриеме нашите чувства
Покажувањето чувства е проблем за многу луѓе. Се плашиме да бидеме ранливи пред другите и да ги откриеме своите слабости. Секогаш постои страв дека партнерот ќе нè одбие, откако ќе научи сè за нас.
Врските, меѓу другото, служат за да им овозможат на партнерите утеха и меѓусебно поврзување во најтешките моменти.
Ашера | Црнобело