Какви последици остава животот без секс?
Научниците имаат добра причина да тврдат дека сексуалната интимност е една од најважните компоненти во животот на човекот.
Иако можеби не сте свесни за тоа, кога престанувате да водите љубов, во вашето тело се одвиваат одредени процеси.
Живот без секс остава сериозни последици, а ова се дел од нив:
Несоница
Покрај несоницата, експертите велат дека оние кои апстинираат од секс почесто сонуваат соништа во кои водат љубов.
Жените стануваат асоцијални
Чувството се одредува преку хемискиот процес што се одвива во нашиот мозок. Кога водите љубов, крвта е исполнета со одредени хемикалии што ве тераат да чувствувате спектар на позитивни емоции.
Лишувајќи го телото од овој природен процес, го нарушувате вашиот внатрешен хемиски баланс. Како резултат, кај повеќето жени следува депресија и промени во расположението. По подолг период на апстиненција, жените обично стануваат пребирливи и тешко влегуваат во нови врски.
Се појавува стрес
Интимноста е еден од природните начини за ослободување од стресот. Мигрена, несоница, недостаток на апетит, се сигнали што нашето тело ни ги испраќа кога ни треба промена.
Пад на имунитет
Интимноста го зајакнува имунолошкиот систем, активирајќи го производството на имуноглобулин, со што се зголемува способноста на организмот да се бори против болести.
Ментална нерамнотежа
Интимноста ја стимулира менталната активност. Оние кои имаат интимни односи редовно имаат повеќе енергија, додека некои научници тврдат дека концентрацијата и креативноста се на повисоко ниво во овој случај.
Ашера | Црнобело