Ако имате 37 години и не сте во брак ќе ве осудат, а ако сте во несреќен брак и со деца - нема проблем
Луѓето во брак се во просек посреќни од луѓето кои не се во врска, и далеку посреќни од разведените луѓе.
Но, подетална анализа открива дека луѓето во брак можеме да ги поделиме на две категории засновани на квалитетот на нивниот брак.
Па така, имаме луѓе кои тврдат дека се во лош брак - кои се помалку среќни од луѓето што не се во врска, и луѓе кои тврдат дека се во добар брак - и кои се многу посреќни отколку што покажува литературата.
Вие ја имате апсолутната контрола врз изборот на вашиот животен партнер, па затоа е исклучително важно да разберете колку е навистина голема таа одлука и детално да ги анализирате нејзините најважни фактори.
При изборот на животниот партнер, вие всушност треба да изберете многу работи: партнер за родител, за друштво со кој ќе изедете околу 20.000 оброци, партнер за патувања, човек со кој ќе поминете околу 100 заеднички одмори, примарен начин да го поминете слободното време, пријател во пензија, терапевт за вашата кариера и некој за чиј ден ќе слушате околу 18.000 пати.
Ова е речиси најважната работа во животот што треба да ја направите правилно, но, како е можно толку многу луѓе кои се добри и паметни, да завршат со погрешен партнер поради кој се незадоволни понатаму во животот?
Постојат повеќе фактори:
Луѓето генерално не знаат што сакаат во врската
Кога немаат партнер, луѓето се прилично лоши во предвидување на нивните преференци. Луѓето кои велат дека претпочитаат нешто во врските, честопати не ги почитуваат сопствените правила кога ќе се најдат во реална ситуација.
Но така е и во животот. Обично не стануваме добри во нешто додека не го повториме истото повеќе пати. За жал, малкумина добиваат шанса да се најдат во неколку сериозни врски пред да донесат големата одлука. Едноставно немаме доволно време.
Со оглед на тоа што луѓето се менуваат кога се во врска, а нивните потреби обично се многу различни од оние кога биле сами, тешко е да знаете што навистина сакате или ви е потребно од врската кога немате партнер.
Општеството ни дава лоши совети
Ако управувате со компанија, конвенционалната мудрост ни диктира дека ќе бидете многу поефикасни ако смислите добар деловен план и ако ги анализирате вредностите на вашиот бизнис.
Ова е исто така логично, бидејќи така функционирате кога сакате да направите нешто добро и да ги минимизирате грешките. Ако некој шеф на компанија ги слуша советите на општеството веројатно целосно би пропаднал.
Така општеството сака да ги третираме односите.
Луѓето го избираат она што им се нуди.
Во нашиот свет, главното правило е да се венчате пред да станете премногу стари, а тоа „премногу старо“ е некаде помеѓу 25 и 35 години, во зависност од тоа каде живеете. Иако правилото треба да биде „што и да правите, не влегувајте во брак со погрешна личност“.
Но, за жал, општеството има многу помалку разбирање за луѓе кои не се во врска, а имаат 37 години, отколку за луѓе кои имаат 37 години, кои се несреќни во бракот и кои имаат 2 деца.
Ашера | Црнобело