Зошто треба да престанете да форсирате врска со личност во која не сте вљубени?

Имате нов партнер и сите го сакаат. Мајка ви го обожава, се дружи со сопругот на вашата најдобра пријателка, па дури и со татко ви, на кој никој од вашите поранешни партнери досега не му бил доволно добар.

Eve zosto treba da prestanete da forsirate vrska so licnost vo koja ne ste vljubeni 01

Кога самите не сме сигурни за некоја одлука, ги бараме за мислење нашите блиски пријатели, а понекогаш го преземаме и нивниот став.

Ако не ја чувствувате хемијата или немате доволно заеднички работи, не инсистирајте на врската само затоа што тој им се допаѓа на луѓето околу вас.

Ова е една од неколку причини зошто треба да престанете да форсирате врска со личност во која не сте за вљубени:

Ве импресионира неговиот успех

Можеби тој е успешен бизнисмен кој се обидува да ве освои со скапи подароци и вечери во најдобрите ресторани во градот. Или е познат спортист покрај кој во јавноста се чувствувате како славна личност.

Не е тајна дека жените отсекогаш сакале моќни и успешни мажи. Тука нема ништо лошо, но доколку успехот е единствената работа што ве привлекува кон таа личност, тогаш не треба да ја форсирате врската.

Верувале или не, дури и скапите ресторани можат да бидат здодевни. Ако не сте фасцинирани од личноста со која седите на таа вечера, тогаш вашата среќа наскоро ќе биде заменета со чувство на незадоволство и празнина.

Eve zosto treba da prestanete da forsirate vrska so licnost vo koja ne ste vljubeni 02

Се плашите дека немате повеќе време

Многу девојки во нивните рани дваесетти си поставуваат рокови: „Ќе завршам факултет до 25.“ „Ќе бидам мажена до 30 години.“ „Ќе имам две деца на возраст од 35 години.“

И, така, имате дваесет и осум години, а немате партнер? Ве фаќа паника? Можеби оној колега со кој едно време излегувавте и не е толку лош. Не е важно што има чудна смисла за хумор. Слушнавте дека тој во меѓувреме станал успешен млад адвокат.

Можеби треба да го повикате и… Лоша идеја! После две вечери веројатно ќе дојдете до истиот заклучок, чувството за хумор не е нешто што се развива со текот на годините - го имате или го немате.

Дали навистина сакате да го поминете животот со здодевен работохолик? Секако дека не. Заборавете на бесмислените рокови што си ги поставивте во главата пред милион години.

Eve zosto treba da prestanete da forsirate vrska so licnost vo koja ne ste vljubeni 03

Не сакате да бидете сами

Некои девојки се незадоволни од нивниот статус, бидејќи само во врска „се чувствуваат целосно“ или „чувствуваат длабока внатрешна потреба да се поврзат со некого на емотивен и физички план“.

Но има и такви кои не пристапуваат кон проблемите толку емотивно, туку практично. Кога сте единствената личност без партнер во друштвото лесно може да се случи да мора да останете дома во сабота навечер, затоа што немате со кого да одите.

Знаеме дека не е интересно да се биде единствената личност која ќе бара еднокреветна соба на скијање со друштвото, но тоа не е доволно добра причина да се влезете во врска со некој во кој не сте вљубени.

Идејата за врската можеби изгледа привлечно, но размислете дали ви е привлечна и личноста со која планирате да бидете во врска.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg