7 работи за коишто треба да разговарaте со партнерот пред да се вселите заедно

Домашни миленичиња

Можеби вие сонувате да чувате куче, но вашиот партнер не сака ни да помисли на тоа. Понекогаш, ова може да биде сериозен проблем, па добро е да поразговарате и на оваа тема.

Доколку и двајцата сакате милениче и одлучите да вдомите, тогаш треба да ги поделите и обврските за него.

7-raboti-za-koishto-treba-da-razgovarate-pred-da-se-vselite-so-partnerot-05.jpg

Гости

Кога ќе живеете со вашиот партнер, ќе имате и заеднички гости.

Важно е да знаете дали вашиот партнер сака или не сака гости и да најдете компромис.

Заедно одлучете дали членовите од семејството и пријателите се секогаш добредојдени, или сакате најава пред да дојдат.

7-raboti-za-koishto-treba-da-razgovarate-pred-da-se-vselite-so-partnerot-06.jpg

Спиење

Едно од најдобрите нешта од вселувањето со партнерот е тоа што ќе спиете заедно. Знаевте ли дека ова може да има многу добро влијание врз вашата врска? Истовремено, ќе ви помогне да се чувствувате поврзано и безбедно.

Затоа важно е да разговарате и за вашиот распоред на спиење. Разговарајте за тоа кога си легнувате, кога ставате, дали спиете со светло, дали спиете во студена просторија и слично.

7-raboti-za-koishto-treba-da-razgovarate-pred-da-se-vselite-so-partnerot-07.jpg

Чудни и досадни навики

Секој од нас има некоја чудна или досадна навика, а кога ќе се вселите со партнерот, сето ова ќе излезе на површина.

Можеби ќе забележите дека партнерот остава чорапи насекаде, можеби вие сте гласни наутро… Без разлика кои се вашите чудни навики, важно е да разговарате за нив.

7-raboti-za-koishto-treba-da-razgovarate-pred-da-se-vselite-so-partnerot-08.jpg

Вселувањето со партнерот вклучува многу адаптирање и компромис, но доколку работите заедно, ќе го направите едно од најубавите искуства во вашиот живот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg