7 работи за коишто треба да разговарaте со партнерот пред да се вселите заедно
Вселувањето со партнерот може да биде почеток на навистина возбудливо поглавје од вашиот живот. Истовремено, ова е голем чекор што може да го подобри и вашето емоционално здравје.
Но, дали сте подготвени за ова?
Пред да се вселите со вашиот партнер, морате да земете предвид неколку нешта, со цел да го направите целото искуство добро и за двајцата.
Погледнете за кои теми треба да дискутирате со партнерот, пред да се вселите заедно:
Долгорочни планови и очекувања
Важно е да разговарате со партнерот за вашите планови во иднина. Дури и ако сметате дека е рано за овој разговор, треба да знаете што сакате и што очекувате, со цел да избегнете проблеми во иднина.
Треба да разговарате и за поважните планови, како стапување во брак и основање семејство.
Пари
Парите се една од најчестите причини за расправи помеѓу партнерите. Дури и ако овој разговор ви изгледа страшен, морате да го направите, за да избегнете несогласувања или банкрот.
Важно е да знаете кои се навиките за трошење на партнерот и треба да одлучите како ќе ги делите трошоците.
Домашни обврски
Треба да одлучите и како ќе ги поделите домашните обврски. За ова најдобро е да си направите листа и да одредите кој ќе чисти, кој ќе готви, кој ќе купува намирници…
Можеби овој разговор ви изгледа незначаен, но овие активности одземаат многу време и енергија, па важно е да ги поделите.