Зошто се верува дека браковите склучени во 2020-та година ќе траат засекогаш?
Керолајн Фаулкнер е најпознатиот астролог во Велика Британија и тврди дека 2020-та година е најдобрата за склопување брак.
Следната година, Сатурн, Јупитер, Плутон, Марс и месечината ќе бидат во ист знак. Ова е важно бидејќи овие небесни тела се симбол за преданост и емоционална стабилност.
Ова се нема случено уште од 1960-тите, период познат и како доба на љубовта.
Керолајн смета дека најдобриот датум за венчавка во 2020-та година ќе биде 20-ти февруари. Причината е што во нумерологијата, бројот 2 означува решавање и сила, додека во астрологијата, овој број е владеен од планетата Венера.
Овој датум ќе биде во симболот на емоционалната стабилност и исполнувањето на заклетвите.
„Астрологијата и нумерологијата зад овој датум се интересни – во нумерологијата, бројот 2 ја означува моќната жена, која се поклонува со скромност и грациозност, но сепак има неверојатна сила. Во астрологијата, бројот 2 ја означува куќата на Бикот, а ова е знак владеен од Венера – божица на љубовта и убавината.“
Воглавно, целата 2020-та година ќе биде одличен период за создавање трајни врски и стапување во брак.
Астролошки, изминативе две години не биле најповолни. Па, паровите кои ги преживеале овие две години и кои сега сакаат да стапат во брак, речиси сигурно ќе ги надминат сите проблеми во иднина.
„Нив им е судено да развијат безусловна љубов, која е многу повеќе од романса. Поради порамнувањето на планетите во 2020-та, паровите кои ќе се одлучат на брак во оваа астролошка фаза, најверојатно биле во кармичка врска многу пати претходно, во многу други животи. Но, ова е животот каде што прават сè како што треба.“
Керолајн додала и дека 2020-та е престапна година, односно година кога жените традиционално можат да го запросат својот партнер.
Па, доколку сте размислувале за запросување, изгледа дека ова е знакот дека треба да го направите тоа.
Спирова С. | Црнобело