Брачниот потпис не менува ништо кај паметниот, но менува кај будалата - совети за љубовта и бракот од рускиот психолог Михаил Литвак

Познатиот психотерапевт Михаил Литвак ја открива тајната каде треба да барате маж, зошто не смеете да му се потчините и зошто е опасен мажот кој тврди дека не може да живее без вас.

Soveti-za-ljubovta-i-brakot-od-Mihail-Litvak-01.jpg

Брачната статистика изгледа како социјална катастрофа во последните години: бројот на разводи е речиси еднаков на бројот на склучени бракови.

Според познатиот психолог, ова се случува затоа што генерално многу луѓе се впуштаат во брачните води поради различни, апсурдни причини, освен вистинската – да изградите семејство.

„Постојат среќни семејства. Но малку се. Јас ги истражував семејствата. Имаше 3 среќни во 11 илјади. Најважното е што само среќните семејства се нормални. Останатото е патологија, соживот на две несреќни личности“.

Зошто има толку разводи? Дали луѓето прават грешки во изборот на партнери?

Затоа што луѓето се лошо воспитани. Не ги научиле да размислуваат, не се научени да бираат маж или жена. Спроведовме анкета: Кое од следните објаснувања за љубовта најмногу им се допаѓа на луѓето? Понудени беа следните одговори: „Не можам да живеам без тебе“, „Никогаш нема да те повредам“, „Ајде заедно да го поминеме животот и во добро и во лошо“.

75% од жените го избраа одговорот „Не можам да живеам без тебе“. Зарем не е очигледно дека ова објаснување е типично за мажите-деца или алкохоличарите? Но, вистинското објаснување за љубовта: „Ајде да го поминеме животот заедно и во добро и во зло“, никому не му се допадна.

Што е љубов?

Тоа е активна заинтересираност за животот и развојот на „објектот“ на вашата љубов. Сите кажуваат: никој не знае да сака. А знаете ли вие да сакате? Кај нас браковите се практично детска поврзаност – „Не можам да живеам без тебе“.

Што се случува со љубовта со текот на времето, каде исчезнува таа?

Со текот на времето, љубовта станува сè посилна и посилна… А доколку ја немало ниту на почетокот, станува сè полошо и полошо.

Која е разликата помеѓу машката и женската перцепција за брак?

Мажите и жените го гледаат бракот подеднакво исто. А каде сте виделе мажи и жени? Кај нас постојат луѓе што носат панталони и луѓе што носат здолништа. Значи, прво морате да станете или маж или жена, а потоа да создавате семејство. Само физички здрава, духовно развиена и финансиски стабилна личност има право да создаде семејство.

Доколку врската започнала со секс, каква иднина го очекува парот?

Сексот треба да се случи подоцна. На почетокот мора да постои заеднички поглед на светот. Љубовта не е кога луѓето гледаат едни во други, туку кога двајцата гледаат во истиот правец.

Канадските истражувачи идентификуваа 4 фактори кои го прават семејството силно. Првиот е ист поглед кон светот. Вториот – ист гастрономски вкус. И дури на третото место е сексот. На четвртото место е желбата да внимаваат и да се грижат еден за друг. Кога семејството се оформува низ сексот, нема ништо добро во тоа.

Мажите често пати се споредуваат со мажјаци и тврдат дека неверството е неизбежно…

Неверството се случува поради тоа што луѓето погрешиле во изборот на партнерот. Доколку некој се омажил или оженил за погрешен, а не за вистинскиот партнер, природно е да започне да ви се допаѓа некој друг.

Кои жени не изневеруваат?

Физички здравите, духовно развиените и финансиски независните жени. Нашите жени имаат 3 сексуални нарушувања: педофилија, зоофилија, мазохизам. Прво, не бираат партнери за мажи, туку за воспитување. Второ, живеат со алкохоличари. Што е алкохоличар? Тоа е животно. И трето, патат од мазохизам: обожаваат кога некој ги малтретира.

Ако жената е физички здрава и финансиски независна, а не е повеќе млада, има ли помали шанси?

Има повеќе шанси! Тоа е жена во најдобрите години. Веќе се реализирала себеси. Не ѝ треба салата, потребен ѝ е бифтек. 45-50-годишните жени во сексот им даваат предност на младите.

Како во почетната фаза може да утврдите дали тој е „вистинскиот“ или не?

По начинот на комуникација, по гестикулациите, по начинот на однесување. Сократ рекол: „Кажи нешто, сакам да те видам“. По неколку реченици може да сфатите дали пред вас е човекот со кого имате исти погледи кон светот.

Дали партнерите треба да се согласуваат во креветот?

Нормално. Доколку на мажот му е потребен секс 3 пати дневно по 50 минути, а на жената еднаш месечно 3 минути, тогаш врската нема да успее.

Доколку постојат недоразбирања, може ли жената да се адаптира на мажот или треба да се обиде да го превоспита?

Не. Треба да најде „готов производ“, а не полуготов. Зрелите луѓе треба да стапат во брак. А можете да превоспитате само еден човек – себеси. Доколку сте погрешиле во изборот, значи дека треба да се оддалечите. И да побарате некој друг.

Каде е најдобро да се бараат партнери?

Само на работа. Кога го набљудуваш човекот додека е на работа – гледаш навистина каков е. Сега ние работиме заедно и можете да формирате мислење за мене… а на вечерните состаноци или во ноќните клубови–тоа е средба исполнета со лаги.

Дали потребите на жените се смениле во последно време?

Не се смениле во последните 100 илјади години.

Што мислите за тоа што денешните девојки сакаат да се омажат со некој што има висок статус?

Сосема правилно. Тоа значи дека созреваат. Но, и тие самите треба да имаат статус. За жал, кај нас поголемиот дел од жените имаат психологија на латентни проститутки: да најдат богат маж којшто ќе ги издржува. А за возврат тие планираат да го водат домаќинството и да им се дадат себеси. Работите треба да се именуваат со вистинскиот назив: тоа е проституција. Меѓутоа, денес има и многу мажу кои може да се наречат латентни алфонси, кои бараат богати жени и не сакаат самите да се развиваа.

Постои теорија дека жената треба да го инспирира мажот, да му создаде одлични услови за напредок, да биде во неговата сенка…

Вие ги мешате мажите со носачите на панталони. Мажите не треба да бидат инспирирани. Тој самиот треба да се инспирира од сопствената работа и постигнатите резултати. Не треба да се живее за жената или пак за мажот.

А поради децата?

Како прво, нема потреба… Децата се нешто ефемерно. Без разлика колку се лоши или добри, сепак ќе ве остават за 18 до 20 години. Мажот и жената се поблиски едни до други, а децата се привремени. Тие се спореден производ на вашата љубов.

Како резултат на разводот, жените остануваат со „производот на љубовта“, а мажите тврдат дека не сакаат да се оженат со жена која веќе има дете…

За вистинските мажи (а не за обичните носачи на панталони) детето од првиот брак не е проблем. Зошто? Затоа што тој е подготвен да направи сè за тоа дете, само саканата да биде блиску до него. А доколку жената верува дека детето е најважната работа во животот, таа никогаш нема да биде среќна во бракот.

​Постои мислење дека институцијата брак умира, и дека иднината лежи во алтернативни форми на соживот. Што мислите за оваа „гостинска форма“?

„Бракот со гостин“ не е толку лош. Понекогаш луѓето живеат во вонбрачна заедница – нормално. И само што ќе се венчаат – започнуваат да живеат лошо.

Која е причината за таквите промени?

Фактот што човекот сака да биде слободен. Официјалниот брак го заробува. Потписот не менува ништо кај паметниот човек. Но, кај будалите, менува.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg