Зошто луѓето се посреќни во „врски без обврски“?
Не можат сите да бидат во ваквите врски. Некои луѓе едноставно не можат да бидат со некој во кој не се заљубени.
Овие врски не се нешто што е неопходно да се испроба, но доколку немате ништо против врски без обврски, еве зошто се истите најдобри:
Побезбедни се
Луѓето се сексуални суштества и, дури и ако не се во врска, ќе најдат начин да уживаат. Доколку се забавувате со личност што ја познавате, се чувствувате безбедно, што е најважно.
Исто така, побезбедно е да имате еден партнер за „акција“, отколку постојано да ги менувате...
Полесни се
Со оглед на тоа што живееме „во шеста брзина“ и што односите понекогаш се комплицирани, во некои ситуации едноставно е полесно да се биде во врска без обврски.
Ова е лесно, бидејќи имате пријател со привилегии и можете да се договорите кога и двајцата сте слободни, без драма дека едниот од вас нема време за другиот, без обврски, како постојана комуникација или запознавање со семејството на партнерот...
Ја имате целата слобода
Кога сте пријатели со привилегии, имате слобода да запознавате други луѓе, што е идеално решение за луѓето кои не се подготвени да се посветат на сериозна врска.
Здраво е
Бројни истражувања покажаа дека сексот е добар за здравјето и благосостојбата - го олеснува стресот, го подобрува расположението и самодовербата.
Нема притисок
Врските понекогаш можат да претставуваат притисок, особено во првата фаза, за време на запознавањето. Но во овој случај нема да се оптоварувате со игри и манипулации, бидејќи и двајцата имате само сексуални односи, ништо повеќе.
Ашера | Црнобело