Паметни работи што може да ги правите, наместо да жалите за бившите
Знаеме, срцето ви е скршено, но бидејќи не можете да го смените фактот што сте раскинале со вашиот партнер, подобро е барем да се обидете да најдете начин да се забавувате наместо да жалите за вашата судбина.
Сигурно постои нешто што може да ви го подобри расположението? Доволно за да можете рационално да ја погледнете ситуацијата и да сфатите дека овој раскин е најдоброто нешто што можело да ви се случи?
За да ви ја олесниме болката, ви нудиме список од неколку работи што можете да ги направите, наместо да седите и да плачете поради раскинувањето:
- Прошетајте, по можност некаде во природа, за да мора да се напрегнете малку. Пешачењето е одлична идеја.
- Уживајте со пријателите. Сигурно имате барем некој кој може да ве насмее?
- Јадете малку чоколадо. И тогаш малку повеќе, ако сакате.
- Прегрнете го кучето. Ако немате куче, „позајмете“ го од пријател, или (можеби најдобро од сè) посвојте куче. Ако не сакате кучиња, земете мачка.
- Поканете пријател на кафе.
- Исчистете ја куќата, детално. Распоредете ја гардеробата. Старите маици и панталони, што не планирате да ги носите, ставете ги на посебно место, за да не ви пречат во ормарот.
- Легнете во кревет, завиткајте се со ќебе и гледајте серии.
- Фрлете ги сите негови работи од куќата. Не од лутина, туку затоа што едноставно повеќе не ви требаат.
- Поминете време со семејството.
- Простете си, еднаш засекогаш, за секој пат кога сте биле нељубезни кон него. Во повеќето случаи тоа веројатно било целосно оправдано, нели?
- Купете облека или модни додатоци кои долго сте ги посакувале, а сте одложувале да ги купите. И носете ги, конечно за себе, не за него.
- Вежбајте да бидете силни и здрави.
- Ослободете се од некои лоши навики. И бидете горди кога ќе го направите тоа!
- Читајте, но вистински книги, со корици.
- Направете забава во своја чест. Не мора да биде голема, но мора да ги поканите луѓето што ги сакате и што ве сакаат.
- Одете некаде за продолжен викенд. Сами.
- И задржете ја насмевката. Сè во животот минува, како што ќе помине и ова чувство на болка. Ќе бидете во ред, ветуваме.
Ашера | Црнобело