Што открива начинот на кој партнерот ја искажува неговата љубов кон вас?
Кога станува збор за искажувањето чувства, понекогаш не е доволно само да кажете „Те сакам“. Секоја личност е различна и додека за некои зборовите се сосема доволни, другите се потпираат на постапките и гестовите.
Можеби вие и вашиот партнер ја покажувате вашата љубов на различен начин, но тоа не значи дека постои простор за грижа.
Едноставно, треба да дознаете нешто повеќе за неговиот начин на искажување љубов и да го откриете неговото значење.
Во продолжение погледнете што би можело да значи начинот на којшто вашиот партнер ја покажува неговата љубов кон вас:
Сака да ве слуша
Доколку вашиот партнер сака да ве слуша, без разлика за што му зборувате, тоа значи дека е одличен слушател, но и дека вистински ја цени довербата во вашата врска.
Со тоа што партнерот ви дозволува да му кажете сѐ, тој се обидува да ја зајакне вашата поврзаност.
Сака прегратки
Кога сте вљубени, прегратките се можеби најубавиот дел од врската.
Доколку партнерот ужива во прегратките исто колку и вие, тоа значи дека сака да минува време со вас и најважно, дека ја цени интимноста во врската.
Истовремено, ненадејните бакнежи и прегратки покажуваат колку многу сте му важни.
Ве охрабрува да ги постигнете вашите цели
Доколку партнерот ве охрабрува да се фокусирате на вашите цели, наместо да се жали што не сте со него, тогаш тој го цени вашиот личен простор.
На партнерот му е јасно дека и тој и вие имате посебен живот и право да ги следите вашите цели. Ова е знак за зрелост и вистинска љубов.
Ви помага со домашните обврски
Доколку партнерот без проблем ви помага со домашните обврски, тоа значи дека ве гледа како личност еднаква на него. Понекогаш е навистина тешко да најдете ваков партнер, па доколку го имате, ценете го.
Им зборува на саканите за вас
Доколку вашиот партнер зборува за вас со неговите пријатели и семејство, тоа значи дека е сериозен за вашата врска. Тоа значи дека ја цени посветеноста и дека гледа заедничка иднина.
Јавно ја покажува неговата наклонетост
Сосема е во ред и вие и партнерот да сакате јавно да си покажете внимание. Но доколку ова се случува постојано и секој пат кога сте излезени, може да биде предупредувачки знак.
Желбата постојано да се фалите со вашата врска може да биде знак за несигурност. Доколку партнерот не може воопшто да ги тргне рацете од вас, можеби е малку посесивен.
Спирова С. | Црнобело