Дали долгите врски се „убијци“ на страста, либидото и оргазмот?
Долгорочните односи може да бидат погубни за вашата сексуална желба и задоволство.
Сексуалните проблеми влијаат на една третина од младите и средовечните жени, како и половина од бројот на постарите жени. Вклучуваат недостаток на сексуална желба, болка за време на сексуалниот однос и проблеми со доживувањето оргазам.
Огромното истражување спроведено во текот на 7-дишниот период од страна на два универзитета во Финска може да обезбеди нова перспектива во однос на сексуалните проблеми на жените.
Имено, истражувачите ги разгледале одговорите на 2173 жени кои сè уште не влегле во менопауза, од истражувања спроведени во 2006 и 2013 година.
Жените биле поделени во три групи: оние кои ја раскинале 7-годишната врска, оние кои имале различни партнери во 2006 и 2013 година и оние кои останале во истата љубовна врска во текот на седумте години.
Можноста за доживување оргазам се зголемила во сите три групи за седум години, но најголем напредок забележале жените кои немале постојан партнер.
Жените кои имале различни партнери во 2006 и 2013 година, исто така напредувале многу повеќе за разлика од оние коишто биле со истиот партнер во текот на седумте години. Се покажало дека жените кои останале во иста врска низ годините доживеале најголем пад во поглед на сексуалната желба.
Сепак, тоа не значи дека долгорочните моногамни врски се штетни за сексуалното задоволство. Авторите на студијата потврдиле дека постојат многу ограничувања во нивното истражување и дека сексуалните функции треба дополнително да се истражуваат со цел подобро да се разберат различностите.
(О)Милена | Црнобело