Зошто емоционалната измама може да биде поштетна од сексуалното неверство?
Кога станува збор за измама, обично прво на што помислуваме е секс. Но, понекогаш мамењето може да се случи и надвор од спалната соба.
Накратко, емотивна измама се случува кога ќе се поврзете со друга личност на интимно, емотивно ниво, додека се оддалечувате од партнерот. Ваквото однесување може да резултира со дисхармонија во вашата врска, како и сексуално неверство.
Емоционална измама може да биде сè што подразбира размена на емоционална енергија, надвор од врската. Обично вклучува разговори во кои емоционалната врска се развива во контекст на интимна привлечност.
Физичката блискост честопати не е составен дел од таквиот однос. Иако може да постои физичка привлечност во оваа нова врска, границата најчесто не се надминува.
Ова често им дозволува на партнерите, вклучени во емотивна измама, да го рационализираат ваквиот однос како прифатлив. Сепак, основната компонента на измама или каква било афера е тајност.
Затоа се покажа дека емотивната измама е подеднакво, ако не и повеќе, деструктивна за односите меѓу партнерите.
Емоционалните односи можат да започнат како пријателски односи, но како што расте блискоста и моментите што ќе ги поминете со таа личност, емоциите стануваат поинтензивни, а пријателството се продлабочува.
Во пријателствата обично постои ограничување, но кога станува збор за емоционално изневерување, нашата емоционална енергија е слична на онаа во романтичните врски.
Зошто емоционалната измама може да биде поштетна од сексуалното неверство?
Голем дел од вашата енергија се вложува во таа друга врска. Ова може да предизвика раскинување на односите. Емотивната измама е, всушност, поопасна од физичката измама.
Во сексуална измама се работи исклучиво за секс, без никаква емоционална вклученост. Но кога се вклучени чувства, таквата врска или афера е потешко да се контролира.
Ашера | Црнобело