Зошто е добро да си сингл?
Љубовта е нешто што му е потребно на секој, а неретко луѓето се подготвени да жртвуваат многу за неа. Но, понекогаш, врските можат навистина да го закочат вашиот личен развој.
Ова не значи дека никогаш не треба да најдете партнер, но во некои ситуации самотијата ви е всушност од корист.
Доколку подолго сте сингл, можеби и самите сте забележале дека тој период ви е најпродуктивен, но и најослободувачки.
Погледнете ги 10-те причини зошто е добро да бидете сингл:
Можете да правите што сакате
Каде да излегувате, што да јадете, каква музика да пуштите… Кога сте во врска, за сите овие нешта морате да правите компромис.
Но, кога сте сингл, имате можност да правите што и да посакате, а притоа да не наштетите никому. Не треба да ги земате предвид потребите и желбите на некој друг и можете вистински да бидете себични.
Не треба да го жртвувате вашиот комфор
Некои истражувања покажале дека кога сме сингл, спиеме најдобро. А веќе знаете дека добриот сон е клучен за силен имунитет, поздраво срце и намален ризик од мозочен удар или дијабетес.
Истовремено, кога ќе се вратите уморни од работа, нема потреба да обрнувате внимание никому и не мора да го жртвувате вашиот комфор.
Ќе изгледате подобро
Факт е дека луѓето кои се во брак или долга врска почнуваат да се запоставуваат. Неретко, кога се во врска, луѓето почнуваат и да се здебелуваат.
Кога ќе бидете сингл ќе имате повеќе време за вежбање и грижа за себе.
Ќе го одржите контактот со пријателите
Најчесто на луѓето во врска им е тешко да најдат време за своите пријатели, бидејќи сакаат да бидат со нивните партнери. Сепак, тие сакаат да ја развијат и да ја подобрат нивната врска.
Но, оние кои се сингл почесто се социјализираат и на социјалните мрежи, и во живо. Ова е една од предностите на сингл животот – ви помага да излезете од удобната зона, да запознаете нови пријатели и да ги зачувате старите.
Сами си го правите распоредот
Сингл луѓето имаат целосна контрола над нивното време. Кога сте во врска, треба да ги земете предвид и желбите и распоредот на партнерот.
Но кога сте сами, можете да правите што сакате, кога и да посакате.