6 фази кои мора да ги преживее љубовната врска за да трае засекогаш

Привлечност кон некој друг

Дури 70% од жените во врска признале дека додека биле со партнерот, им се допаѓал и некој друг. Сепак, оваа привлечност е нормална и воопшто не значи дека жената ќе го изневери партнерот.

Доколку сте во ваква ситуација, важно е да не реагирате според тие чувства и да бидете свесни што правите. Немојте да го избегнувате партнерот само затоа што сте збунети. Во животот ќе се соочите со многу искушенија, но во вашата врска најважна е довербата.

Спротивставување

Ова спротивставување може да се манифестира како сарказам, недоличен хумор и слично и речиси секогаш е деструктивно за врската.

Морате да научите како да ги покажувате вашите наклонетост и благодарност. Колку подобро ќе се чувствувате, толку помалку ќе се спротивставувате.

Навистина е тешко да работите на себе, но партнерот треба да види и да слушне дека го сакате, а не дека ве иритира.

6-problematichni-frazi-niz-koi-treba-da-pomine-sekoja-vrska-03.jpg

„Експлозија“

Проблемите со деца, пари, членови од семејството и уште ред други нешта можат навистина да ве полудат. Во еден момент ќе почувствувате толкав притисок, што само ќе сакате да си заминете. Ова може да се случи во која било фаза од вашата врска.

Сепак, не заборавајте дека предизвиците се дел од животот и дека без разлика со што сте соочени сега, и тоа ќе помине. Штом заедно ќе ги надминете тешките периоди, вашата поврзаност само ќе се зголеми.

Прифаќање и простување

Ова е моментот кога ќе сфатите дека никогаш нема да ги решите вашите проблеми ако не промените нешто. Сега конечно ќе најдете ваш начин за решавање на конфликтите, без разлика дали е тоа разговор со партнерот, со семејството или со терапевт.

Во оваа фаза вие сте подготвени да му простите на партнерот, да го прифатите она што се случува и да го намалите бројот на расправи.

6-problematichni-frazi-niz-koi-treba-da-pomine-sekoja-vrska-04.jpg

Конечно заедно

Откако ќе ги надминете сите шест фази, дури тогаш ќе ја откриете вистинската убавина на вашата врска. Повеќе нема да имате сериозни проблеми, ќе се согласувате со партнерот и ќе научите да ги решавате проблемите наместо да бегате од нив.

Штом сте стигнале до оваа фаза, веќе имате богата заедничка историја, се разбирате еден со друг и иако не било лесно, горди сте на вас и вашата врска.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg