6 фази кои мора да ги преживее љубовната врска за да трае засекогаш

Среќниот брак е нешто на коешто морате да работите. Важно е да знаете дека во секоја врска постојат проблеми и недоразбирања, а понекогаш можеби ви изгледа дека е полесно да се откажете.

6-problematichni-frazi-niz-koi-treba-da-pomine-sekoja-vrska-01.jpg

Сепак, доколку навистина сакате да бидете заедно, ќе успеете да ги надминете сите несогласувања.

Во продолжение погледнете кои се критичните фази со кои најверојатно ќе се соочи секој пар. Доколку сте успеале да ги надминете, тогаш вашиот брак сигурно ќе трае долго.

Критикување

За жал, не сите можат да се справат со критиките. Но кога критиката почнува да наликува на напад, особено помеѓу партнерите, можат да настанат вистински проблеми.

Воглавно, кога го критикувате вашиот партнер, вие се обидувате да кажете дека со него нешто не е во ред. Користењето на фразите како „Ти секогаш…“ или „Ти никогаш…“ се многу чести, но не даваат никаков позитивен резултат.

Кога ќе изговорите нешто вакво, најверојатно вашиот партнер ќе заземе одбранбен став. Во овие ситуации важно е само да кажете што ви пречи, без лично да го напаѓате партнерот.

Отпор и затворање

Речиси секој што бил во врска искусил момент каде што партнерот целосно се затворил. Во овој случај, партнерот не сака да разговара и не сака да го реши проблемот. Ова може да изгледа како да не му е грижа или како да ве игнорира.

Според експертите, дури 80% од мажите се вакви. Сепак, важно е да знаете дека и во овие моменти, на вашиот партнер му е грижа за вас и вашата врска. Ваша работа е да препознаете кога партнерот се соочил со премногу, па да не го притискате.

Доколку мора да разговарате за проблемот, почекајте и двајцата да бидете смирени.

6-problematichni-frazi-niz-koi-treba-da-pomine-sekoja-vrska-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg