Како анксиозноста влијае на сексуалниот живот?
Тешко ви е да влезете во сексуално расположение, проблеми со возбудување или достигнување оргазам - анксиозноста влијае негативно на секое поле, а сексуалниот живот не е исклучок.
Анксиозноста зема сè поголем замав како проблем со кој се соочуваат многумина во денешницата, а иако најмногу влијае ментално, сепак влијае и физички, а предизвикува симптоми како болки во стомакот, градите, панични напади и секако, влијае врз сексуалниот живот.
Според клинички сексолог и психотерапевт, Катриона Бофард, анксиозноста е тесно поврзана со сексуалниот живот, а може да се создаде заради притисок од перформансот, изгледот на телото и недоволната самодоверба за тоа како изгледате без облека, или едноставно, во главата може да ви се случуваат толку многу други работи, што сексот ви е на последно место.
„Кога се активира делот од мозокот кој е одговорен да ни каже дека сме анксиозни, невозможно е делот од мозокот кој ни е потребен да функционира за време за секс, да биде активен.“ – објаснува таа.
Токму затоа, кога сте анксиозни, независно дали од самиот чин или од сосема други причини, потешко е да влезете во сексуално расположение, да се возбудите или пак да достигнете оргазам.
Во такви ситуации, не се форсирајте, бидејќи така уште повеќе ќе го зголемите стресот и сексот ќе биде уште потежок и невозможен.
Но, неопходно е да ја најдете причината за анксиозноста, бидејќи кога ќе го наруши сексуалниот живот, време е да се ослободите од овој ментален проблем.
Не го игнорирајте овој проблем, разговарајте со некого, со партнерот, пријатели или стручни лица, откријте што ве мачи длабоко во вас и справете се со стресот соодветно.
М. М. | Црнобело