5 работи што никогаш не треба да ги жртвувате за љубов

Добрите љубовни врски ни помагаат да растеме како личности. Во добра врска, двете страни се чувствуваат добро и работат на заедничката среќа. Од друга страна, лошите врски создаваат нездрави модели на однесување и функционирање. 

5 raboti sto nikogas ne treba da gi zrtvuvate za ljubov 01

Чувствувате дека не сте толку среќни и имате впечаток дека нешто не е во ред.

Следниве 5 работи никогаш не треба да ги жртвувате за љубов.

Вашата среќа

Запомнете дека имате право да бидете среќни. Ќе има моменти кога работите нема да се одвиваат добро… но партнерот треба да биде причина за среќа и радост во вашиот живот.

Ако оваа важна личност прави да се чувствувате лошо или тажно цело време, тоа значи дека оваа врска не е добра за вас.

Вашето задоволство

Дали често се смеете со партнерот? Во секоја врска има несогласувања, но здравите врски се исполнети со радосни моменти. Важно е да уживате во животот со пријателите, колегите и семејството.

Сите овие луѓе му даваат на вашиот живот радост и задоволство. Вашиот партнер треба да ја разбере и почитува оваа потреба.

5 raboti sto nikogas ne treba da gi zrtvuvate za ljubov 02

Вашата слобода

Здравата врска ќе ви даде можност да бидете среќни дури и кога не сте со партнерот. Ако вашиот партнер ви ја ограничува слободата, тогаш работите не се добри.

Посесивните однесувања се вообичаени за несигурните луѓе. Здрава љубовна врска ја сочинуваат две лица кои уживаат заедно, но сепак им е потребно и време за себе.

Вашиот внатрешен мир

Партнерот кој чини да се чувствувате вознемирено, луто, нервозно или депресивно, ќе ве повреди. Ако често се расправате со вашиот партнер запрашајте се следно:

  • Дали оваа врска води некаде?

  • Дали сакам да го поминам остатокот од животот со оваа личност?

  • Дали тој / таа ме прави среќен?

  • Дали вреди да се продолжи оваа врска?

5 raboti sto nikogas ne treba da gi zrtvuvate za ljubov 03

Вашите искуства

Животот е возбудлив. Во текот на животот ќе стекнете многу искуства кои ќе ве исполнуваат, нови знаења и радости. Партнерството е искуство кое може да ве задоволува, но не е дозволено да ве ограничува.

Важно е да пробате нови работи со друга личност. Ќе се соочувате со предизвици и ќе барате нови искуства. Во љубовната врска треба да бидете мотивирани да ги доживеете новите работи со доверба и со почит.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg