Усогласување, партнери во родителство, враќање на блискост – 10 фази низ кои треба да помине бракот

Без разлика колку се сакате со партнерот, не можете да очекувате целиот брак да ви биде совршен. После неколку години, бракот воопшто нема да биде како на почетокот, но тоа не значи дека ова е лошо.

usoglasuvanje-partneri-vo-roditelstvo-vrakjanje-na-bliskost-10-fazi-niz-koi-treba-da-pomine-brakot01.jpg

Според експертите, секој брак би требало да се одвива на одреден начин и да ги помине следниве 10 фази.

Во 20-тите: Бидете отворени за тоа како се гледате во иднина

Најверојатно веќе сте разговарале каде ќе живеете, дали ќе имате деца и како ќе ги делите парите. Без разлика какви се вашите планови, немојте да ги криете од партнерот.

Уште на почетокот бидете искрени еден кон друг за да можете да ја испланирате вашата иднина.

Во 20-тите: Јасно кажете што ви пречи

Доколку ги премолчувате нештата што ви пречат и што не ви се допаѓаат, проблемите се неизбежни. Па секогаш кога ќе настане некој конфликт или кога ќе се случи нешто што не ви се допаѓа, отворено разговарајте со партнерот.

10-te-fazi-niz-koi-treba-da-pomine-sekoj-brak-02.jpg

Во 30-тите: Усогласете ги вашите планови

Разговарајте со партнерот за вашите желби и цели. Не постои начин да се подготвите за промените, но важно е да ги усогласите вашите планови така што и двајцата ќе бидете среќни.

Вo 30-тите: Бакнувајте се како да ви е последен пат

Нормално е после неколку години романсата да почне да избледува, но можете да го спречите тоа. Секогаш бакнувајте се како да ви е последен пат и не заборавајте да си кажувате колку многу сте си важни еден на друг.

usoglasuvanje-partneri-vo-roditelstvo-vrakjanje-na-bliskost-10-fazi-niz-koi-treba-da-pomine-brakot-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg