Правилник за жени – 10 заповеди за идеална сопруга
Не го буди кога спие, третирај го како крал, внимателно со неговите пари – кои се 10-те заповеди кои секоја жена треба да ги следи за да биде добра сопруга?
Во 1960-та година, се појавил еверејски прирачник со неколку правила кои жените треба да ги следат за да ја добијат титулата – идеална сопруга.
Рабинот Исак Бен Елиаким ја напишал книгата „Нежно срце“ која се состоела од 10 заповеди за идеална жена, за кои денешните жени баш и не се согласуваат.
Секако, не значи дека мора да ги следите баш сите правила, но добро е да знаете кои жени се сметале за идеални во минатото, а критериумите не се променети многу ниту денес.
Тоа пак, во никој случај не значи и дека треба да се потчините целосно на мажот и да ја загубите својата личност. Доволно е само да ги знаете, а вие одлучете дали и кои ќе ги применувате...
Колку правила од овие ги следите и вие?
1. Не го буди додека спие.
2. Не дозволувај мажот да ја чека храната.
3. Гладот е таткото на бесот.
4. Не му се спротивставувај и не му кажувај дека твојот совет е подобар од неговиот.
5. Не му кажувај нешто што ќе го повреди.
6. Ако го третираш како крал, и тој ќе те третира како кралица.
7. Не ги привилегирај неговите непријатели и не ги мрази неговите пријатели.
8. Не го очекувај невозможното од него.
9. Внимателно располагај со неговите пари и никогаш не ги кријте трошоците од него.
10. Чувај ги неговите тајни, ако се жали, не раскажувај наоколу и исполнувај му ги желбите.
М. М. | Црнобело