Знаци кои покажуваат дека сте интелектуално компатибилни со вашиот партнер

Дали некогаш сте се запрашале колку е важна интелектуалната компатибилност со вашиот партнер? 

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-intelektualno-kompatibilni-so-vashiot-partner-01.jpg

Иако таа може да ви ја подобри врската, не значи дека е неопходна. Постојат безброј парови кои интелектуално се на различно ниво, но сепак успеваат да ја одржат нивната врска.

Причината е што компатибилноста се фокусира на многу нешта во врската и може да биде емоционална, духовна, физичка, социјална…

Сепак, за некои луѓе е важно да бидат на исто ниво со нивниот партнер, па погледнете кои се знаците што покажуваат дека сте интелектуално компатибилни со вашиот.

Учите еден од друг

Доколку имате различни вештини и знаења, а сакате да учите еден од друг, тоа е голем показател за интелектуална компатибилност. Доколку кај партнерите нема желба да учат еден од друг, (не)знаењето може да постави бариера помеѓу нив.

Интелектуалната хармонија зависи од отвореноста на партнерите да учат едни од други, со тоа овозможувајќи си да созреваат заедно.

Вашите разговори се предизвикувачки

Комуникацијата е најважното нешто во врската, па важно е разговорите со партнерот да ви бидат инспиративни. Со текот на времето ќе забележите дека разговорите со партнерот ќе почнат да опфаќаат повеќе теми и области и ќе станат стимулативни и значајни.

Со овие разговори вие ќе ги предизвикате вашите верувања и вредности, но истовремено ќе развиете подлабока поврзаност и поголемо разбирање. Предизвикот од овие разговори е добар и само ќе ви ја зајакне врската.

Го почитувате вашето различно мислење

Доколку и вие и партнерот стоите на своето, но истовремено прифаќате дека можете да имате различни мислења, тоа е знак за интелектуална компатибилност.

Истражувањето на различната перспектива на партнерот ќе ви помогне вистински да се поврзете и да ја направите врската посреќна и подобра.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-intelektualno-kompatibilni-so-vashiot-partner-02.jpg

Никогаш не ви е здодевно од партнерот

Доколку се чувствувате исполнето со партнерот и секогаш ве интересира што има да ви каже, сигурно не ви е здодевно со него.

Но доколку оваа стимулација ја барате од некој друг, од пријателите или семејството, најверојатно нешто ѝ недостасува на врската. Најверојатно станува збор за здодевност поради вашето различно интелектуално ниво.

Помеѓу вас не постои натпревар

Интелектуално компатибилните партнери не чувствуваат потреба да се натпреваруваат еден со друг. Наместо тоа, тие се како сојузници кои учат заедно.

Се разбира, понекогаш е забавно да бидете расположени за натпревар, но доколку постојано го правите тоа, врската ќе почне да ве заморува. Ниту еден од вас нема потреба постојано да го докажува својот интелект бидејќи и двајцава знаете за колку сте способни.

Партнерот ви ја зголемува самодовербата

Самодовербата е навистина кршлива, а доколку ја имате во друштво на партнерот, тоа е многу добар знак. Штом можете без страв да го искажете вашето мислење, вие и партнерот сте интелектуално компатибилни.

Помеѓу вас нема одбивност, љубомора, судење и сомнежи.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-intelektualno-kompatibilni-so-vashiot-partner-03.jpg

Имате ист или сличен вкус за музика

Многу често луѓето кои се интелектуално компатибилни настојуваат да уживаат во слични музички жанрови. Ова, се разбира, не е универзално правило бидејќи постојат многу парови кои имаат сосема различен вкус за музика.

Имате исто ниво на љубопитност

Некои луѓе се пољубопитни и сакаат да учат нови нешта и да доживуваат нови искуства. На некои, пак, воопшто не им е грижа за тоа. Не е важно во која категорија спаѓате, но доколку и вашиот партнер е во истата, тоа е јасен знак дека сте интелектуално компатибилни.

Не ви е најважен физичкиот аспект на врската

Сексот има важна улога во секоја врска, а за повеќето е и приоритет. Но врската помеѓу интелектуалците не почнува и не завршува во спалната соба. Доколку вие и партнерот сте интелектуално компатибилни, исто важна ќе ви биде и вашата емоционална поврзаност.

Доколку едниот партнер сака да се поврзе на емоционално ниво, но другиот е повеќе фокусиран на физичкиот аспект од врската, ова може да биде проблем. Најверојатно, во овој случај сексот е како надомест за недостатокот од интелектуална поврзаност.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg