Сексот може да предизвика срцев удар и уште 4 митови во кои луѓето сè уште веруваат
Постојат различни теории и мудрост за сексот на кој многумина се придржуваат. Како, на пример, дека со сексот побрзо се согоруваат калории, дека може да се доживее срцев удар и сл.
Ова се само некои од митовите за сексот во кои луѓето сè уште веруваат. Еве ја вистината зад овие популарни митови.
Мит: Сексот согорува многу калории
Вистина е дека 30-минутен секс може да согори од 80 до 300 калории, во зависност од интензитетот. Можеби ова звучи одлично, но проблемот е што просечниот секс трае само шест минути.
Мит: Остриги и чоколадо се афродизијаци
Иако остриги содржат многу цинк, минерал што му е потребен на спермата, досега ниту едно истражување не покажало дека делува како афродизијак.
Темното чоколадо е поврзано со неколку здравствени придобивки, како подобро функционирање на крвните садови, што може да го зголеми протокот на крвта во машкиот генитален орган, но ќе треба да јадете многу голема количина за да забележите значителна разлика.
Мит: Сексот може да предизвика срцев удар
Многу мажи (и жени) се загрижени за силниот ефект врз срцето, особено кога стареат. Сепак, сексот не го зголемува ризикот од срцев удар, како единствен фактор.
Мит: Сексот може да предизвика породување на бремена жена
Овој мит е толку широко распространет што дури и лекарите ќе им кажат на своите пациенти, кои го надминале периодот на породување, да го пробаат. Но не само што сексот не може да го забрза породувањето, туку може да го одложи.
Мит: На жените им треба повеќе време да се возбудат од мажите
Се чини дека нема апсолутно никаква разлика во времето што им е потребно на мажите и жените да се возбудат. Причината зошто на некои жени или мажи им треба повеќе време за да се возбудат е повеќе ментална отколку физичка.
Ашера | Црнобело