Она што нè поврзува со партнерот понекогаш нè одвојува од него
Физичка привлечност, исти интереси, сличен темперамент... Ова се само некои од факторите кои влијаат на тоа дали ќе влеземе во врска со некоја личност.
Интересно е дека истите фактори можат да играат голема улога во раскинувањето на врската.
Ова се неколку фактори на привлечност кои имаат потенцијално негативно влијание врз задоволството на партнерот:
Физичка привлечност
Физичкиот изглед е многу важен при изборот на партнерот. Сепак, гледајќи долгорочно, можеби е подобро да посветиме повеќе внимание на некои други квалитети на нашиот потенцијален партнер, како што се чесност и доверба.
Атрактивните луѓе почесто ги менуваат партнерите, бидејќи добиваат повеќе понуди за запознавање или брак.
Сличност во темпераментот и карактерот
Односите на партнерите со сличен карактер и темперамент немаат секогаш светла иднина. Ако се, на пример, подеднакво благи по природа или обајцата се сметаат за одговорни лица, најверојатно ќе развијат хармоничен однос.
Од друга страна, ако и двајцата се премногу невротични или неодговорни тешко дека ќе успее таквата врска.
Преголеми очекувања
Не е лошо да се биде оптимист, но преголемо очекување во врската може многу лесно да доведе до разочарување. Не дозволувајте си да западнете во оваа стапица.
Ако вашиот партнер ве разочара поради некоја причина, не реагирајте нагло. Трезвено анализирајте го неговото / нејзиното однесување пред да донесете одлука што може засекогаш да го промени текот на вашата врска.
Ашера | Црнобело