Ghosting, love bombing, benching - Значењето на модерните љубовни термини
Се гледате со месеци, редовно спиете заедно и убедени сте дека ја пронајдовте вистинска личност. Потоа, за време на некој обичен разговор, слушате дека другата страна на вашата врска гледа како на нешто несериозно, нешто за забава и пријатно поминување на времето. Честитки, вие сте во класичен „situationship“.
Доколку не сте запознаени со овој термин, продолжете со читањето и дознајте кои други феномени се кријат во непредвидливата област наречена модерен „дејтинг“.
„Ghosting“
Се работи за еден од најпопуларните термини што е веќе влезен во речниците ширум светот. „Ghosting“ подразбира ненадејно прекинување на секоја комуникација, во романтична или пријателска врска.
На пример, мислите дека сте во стабилна врска и не гледате проблем, а потоа партнерот ве остава без зборови или објаснувања. Секој обид за комуникација е неуспешен и треба да се помирите со фактот дека никогаш нема да добиете објаснување за ситуацијата.
„Haunting“
Откако ќе прифатите дека вашиот партнер едноставно исчезна од вашиот живот, може да ве дочека уште една бизарна ситуација.
Имено, терминот „Haunting“ се однесува на ситуација во кога засегнатата личност се враќа во вашиот живот, без никаква најава, најчесто преку порака која не е специфична или преку „лајк“ на социјалните мрежи.
„Love Bombing“
Едноставно кажано, „Love Bombing“ е ситуација која може да изгледа идилично, на почетокот на врската. Но се работи за тактика на заведување, со потенцијално опасни последици.
Во пракса ќе изгледа вака; личноста со која се гледате ќе ви обрнува многу внимание, веќе од првиот ден. Ќе ви дава подароци и ќе прави планови за заедничка иднина. Ќе бидете во постојан контакт, доколку сте физички оддалечени, поради што ќе се чувствувате како да сте најважната личност на светот.
Каде е проблемот, се прашувате? Па, одговорот може да ви го даде првата ситуација во која ќе се обидете да се одвоите од таков партнер, дури и кога станува збор за излегување со пријателите.
Лицата кои се склони кон „Love Bombing“ тогаш ќе го покажат своето вистинско лице, предизвикувајќи кавги за нешто што е сосема обично и нормално.
„Situationship“
Терминот означува многу слаб однос во кој главната компонента е надеж на едната страна дека ќе се постигне посакуваниот резултат.
Кога очекувањата нема да се исполнат, личноста која очекува е вознемирена, но се обидува да го скрие тоа, бидејќи оваа врска е сè освен ексклузивна.
„Breadcrumbing“
Терминот подразбира постојано завлекување од другата страна, односно, давање „трошки“ за да не се откажете. Со други зборови, ова е ситуација во која некого го земате здраво за готово и го третирате како „план Б“.
„Benching“
Се користи за да се опише ситуација во која не сте сигурни колку сте воодушевени со лицето со кое се гледате, но не сте сигурни дали ќе најдете некој поинтересен, па дозирате и тактизирате.
Ашера | Црнобело