4 причини зошто некои жени сакаат да останат пријатели со своите поранешни партнери
Истражувачите од Универзитетот на Канзас спровеле 2 истражувања со цел да откријат зошто поранешните парови остануваат пријатели и покрај прекинувањето нa љубовната врска. Тие воедно заклучиле дека во зависност од причините, некои пријателства помеѓу поранешните партнери траат многу кратко.
Првото истражување опфатило 115 мажи и 173 жени кои одговориле на прашањето: Дали останавте пријатели со претходниот партнер и зошто?
Резултатот опфатил дури 29 причини од типот: нè врзуваат заеднички спомени, не сакам да го изгубам пријателството со таа личност, сакам да останам добар и љубезен… дури 59% од испитаниците потврдиле дека останале во пријателски односи со поранешниот партнер.
Истражувачите откриле дека постојат 4 главни причини зошто луѓето остануваат пријателите со „бившите“: СИГУРНОСТ, ПРАКТИЧНИ ПРИЧИНИ, ЉУБЕЗНОСТ И НЕРАЗРЕШЕНА РОМАНТИЧНА ЖЕЛБА.
Кога поранешните партнери остануваат пријатели од сигурносни причини, тоа вообичаено значи дека не сакаат да ја изгубат емоционалната поддршка или советите коишто ги добивале.
Практичните причини вклучуваат заеднички старателство доколку имаат деца или милениче, финансиска поддршка или делење на заеднички имот.
Да се остане љубезен со поранешниот партнер и покрај раскинувањето може да им помогне на двајцата да избегнат многу несакани конфронтации и драми во иднина.
Што се однесува до нерешените романтични чувства, ова зборува доволно само за себе, нели?
Што мислите вие, дали луѓето може да останат пријатели после раскинувањето – и зошто го прават тоа?
(О)Милена | Црнобело