Искрени машки исповеди: „Што мразам кај девојка ми?“

„Донесување на одлуки. Мојата бивша никогаш не носеше одлуки, дури ни за работи како тоа каде да пиеме кафе. Ме нервираше тоа.“

iskreni-mashki-ispovedi-shto-mrazam-kaj-devojka-mi-01.jpg

Мажите не зборуваат толку често за проблемите и за тоа што ги мачи, како што го прават тоа жените.

Но, понекогаш и нив им доаѓа преку глава од однесувањето на нивните партнерки.

На Reddit мажи искрено одговараат што мразат кај партнерката:

„Никогаш не ми дава комплименти. Јас секогаш морам да истакнувам колку добро изгледа за да се чувствува добро и да кажувам колку е паметна и прекрасна, а таа никогаш не го прави тоа. Иако нè сметате за силни, и ние мажите имаме потреба од потврда.“

„Би сакал да ѝ кажам: Одведи ме на вечера некогаш, јас возам, јас плаќам, еднаш убаво би било ти да ме истретираш.“

iskreni-mashki-ispovedi-shto-mrazam-kaj-devojka-mi-02.jpg

„Донесување на одлуки. Мојата бивша никогаш не носеше одлуки, дури ни за работи како тоа каде да пиеме кафе. Ме нервираше тоа.“

„Здодеано ми е што мисли дека иницирањето секс е машка работа. Треба и жената да покаже интерес.“

„Ја масирам најмалку еднаш во седмицата и мислам дека конечно е време и јас да добијам масажа за возврат.“

iskreni-mashki-ispovedi-shto-mrazam-kaj-devojka-mi-03.jpg

„Ме нервира што не ме остава на мир кога сум нерасположен. Понекогаш сакам да сум тивок и затворен и тогаш сакам да сум сам.“

„Не сум читач на мисли, сакам отворено да ми се кажува што правам погрешно и што очекува од мене.“

„Потребна ми е емоционална поддршка, да ме ислуша внимателно кога сум имал лош ден на работа, а не секогаш светот да се врти околу неа.“

iskreni-mashki-ispovedi-shto-mrazam-kaj-devojka-mi-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg