Како го научив маж ми да ми кажува „Те сакам“
Дали имате партнер кој не кажува „Те сакам“? Една жена го пронајде лекот и си ги скрати главоболките.
„Те сакам“ се два збора кои може да направат чуда. Но, за жал, не секому му е комфорно да ги кажува.
Една жена која се нервирала затоа што маж ѝ не бил способен вербално да ѝ ја искаже љубовта смислила трик.
„Ова е навистина важно. Јас вербално изразувам љубов. МНОГУ. Мојот сопруг... не. Не знам зошто. Долго време дел од мене се прашуваше дали ме сака помалку отколку јас него. Во еден миг му кажав за една работа која сум ја правела како дете. Му кажав дека кога држиш некого за рака ако го стиснеш 3 пати тоа значи „Те сакам“.
Откако му го кажав ова тој ненадејно почна да ми кажува „Те сакам“ постојано. Ме притискаше 3 пати на рацете, на рамото, на коленото, на кој било дел од мене кој беше најблиску до него, почесто од што јас вербално му кажував.
Сега тоа притискање стана дел од нашата врска . Сега го правиме двајцата и така си искажуваме љубов. Можам да го притиснам 3 пати на кој било дел од телото, а тој ќе ми врати на истиот начин дури и во сон. Ова направи голема разлика за нас.“
Дали и вие имате невербален начин за кажување „Те сакам“?
Објавата на жената:
С. С. | Црнобело